20 Декември, 2025
0.2599

СКАНДАЛ:Откриена лабораторија за производство на метамфетамин во село Грчец

Објавено во: Македонија 09 Април, 2018 12:59

Добивај вести на Viber

Единицата за недозволена трговија со дрога поднесе до Основното јавно обвинителство кривична пријава против Б.М. (36) од село Грчец, скопско и О.К. (58) од Чешка за сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’, казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик.

– На 3 април годинава со судска наредба, полициски службеници ја претресле куќата на Б.М. од Грчец, кој не бил дома. При претресот биле пронајдени повеќе видови на хемиски супстанци кои биле чувани во шишиња, туби и канистри, подигнати и дадени на вештачење. Со вештачењето е утврдено дека станува збор за метамфетамин, бензил метил кетон и псеудоефедрин и други прирачни средства за производство на синтетичка дрога. Метамфетаминот е психотропна супстанца, додека бензил метил кетон и псеудоефедрин преставуваат прекурсори за добивање на психотропни супстанции од амфетамински тип на стимуланси – соопшти МВР.

Овие хемиски супстанци се користат и за производство на една од најопасните и најштетните синтетички дроги во светот, за која има повеќе имиња – кристал мет, перник или первентин. Оваа синтетичка дрога за првпат се среќава во Македонија, а најмногу се произведува во Чешка. Со нејзино користење се уништвува нервниот систем и мозокот и по само две години користење може да предизвика смрт.

Во март годинава Б.М. и О.К. неовластено набавиле материјал и супстанци за произведство на синтетичка дрога, психотропни супстанци и прекурсори, по што во домот на Б.М. ја инсталирале опремата и заеднички почнале процес на производство на синтетички дроги.

О.К. бил пронајден и приведен, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, додека пак по Б.М. се уште се трага.

извор: Плусинфо

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки