19 Декември, 2025
0.0364

СКАНДАЛОЗЕН ПРОЕКТ: Мека станува шопинг дестинација со луксузни хотели!

Објавено во: Свет 13 Ноември, 2014 12:05

Добивај вести на Viber

Мека, местото на најголемите муслимански светилишта и на најголемиот аџилак во светот, затоа што се верува дека во неа е роден пророкот Мухамед, би можела наскоро да исчезне и да биде покриена со мермер на нова кралска палата. Станува збор за проект вреден неколку милијарди фунти, чија реализација би значела уништување на стотици од највредните историски и религиозни споменици за исламскиот свет. Проектот на т.н. проширување на Големата џамија, која милиони аџии ја посетуваат секоја година за време на аџилакот, започна пред неколку години. Според проценките на Заливскиот Институт, веќе се уништени 95% од објектите во Мека кои биле изградени пред 1.000 години, а на нивно место се градат луксузни хотели, апартмани и трговски центри. Минатата недела, на пример, биле уништени столбови од Османлиското царство, кои биле поставени во чест на заминувањето на Пратеникот на небото. Мека инаку е најсвето место за муслиманите, бидејќи според преданијата, во неа е роден пророкот Мухамед, а таму е сместено и светилиштето Каба, обликувано во форма на коцка од црн гранит, што ја изградил Абрахам. Ирфан Алави, од Исламик Херитиџ Фондацијата за истражување во Лондон, вели дека до крајот на годината веројатно ќе исчезне и куќата Мавилд, за која се верува дека токму таму бил роден пророкот Мухамед во 570 година. За се ова е виновен кралот Абдула, формален заштитник на Големата џамија, за кој се гради нова палата за да престојува во неа кога ќе доаѓа во Мека. Новата палата ќе биде пет пати поголема од досегашната. Локалните жители гледаат што се случува, но не се осмелуваат јавно да зборуваат. Во одбрана на уништувањето на историските изданија неодамна застана и Големиот Муфтија на Саудиска Арабија, шеикот Абдул Азиз Бин Абдула ал-Шеик, кој изјави дека уривањата се неопходни и дека народото треба да биде благодарен за она што го прави власта, затоа што се зголемува капацитетот на Големата џамија.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја