15 Декември, 2025
0.0459

Скандалозна изјава на Нетанјаху: Хитлер не сакал да ги уништува Евреите

Објавено во: Свет 21 Октомври, 2015 14:29

Добивај вести на Viber

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предизвика скандал, тврдејќи дека муфтијата на Ерусалим, Амин ал Хусеин е оној кој ги „пуштил мувите“ за уништување на европските Евреи во главата на Адолф Хитлер.

Нацистичкиот фирер, истакнал Нетанјаху, немал намера да ги убива Евреите, туку само да ги протера, пренесува израелското издание „Аарец“.

Во говорот пред Светскиот ционистички конгрес во Ерусалим, Нетанјаху ја опишал средбата помеѓу Хусеин и Хитлер во ноември 1941 година на следниов начин: „Хитлер не сакаше да ги ликвидира Евреите во тоа време, тој сакаше да ги протера. А муфтијата Амин ал Хусеин отишол кај Хитлер и изјавил: „Ако ги избркаш, сите тие ќе дојдат тука (во Палестина)“. Според Нетанјаху, Хитлер тогаш запрашал: „Што треба да направам со нив?“, А муфтијата одговорил: „Изгори ги“.

Коментарите на Нетанјаху предизвикаа бура на социјалните мрежи, иако израелскиот премиер ги создал ваквите тврдења и за време на говорот пред израелскиот парламент, Кнесетот, каде го опишал Хусеин како „еден од водечките архитекти“ на „конечното решение“ за еврејското прашање (масакрот на Евреите).

Тврдењето дека Хусеин бил иницијатор за уништувањето на европските Евреи, беше зборувано од голем број истражувачи на холокаустот, сметани за маргинални, но тоа е отфрлањето од најавторитетните и признати историчари.

Аргументот за улогата на Хусеин неодамна бил споменат во книгата на Бери Рубин и Волфганг Шваниц „Нацистите, исламистите и создавањето на модерниот Блиски Исток“. Авторите, слично на Нетанјаху, прават директна врска помеѓу поддршката на муфтијата кон Хитлер и политиката на Организацијата за ослободување на Палестина под управувањето на Јасер Арафат.

Но дури и тие двајца истражувачи не тврдат дека дијалогот опишан од Нетанјаху, некогаш се одржал. Тие истакнуваат дека Хитлер дошол до одлуката да се ликвидираат Евреите поради желбата да се одржи на своја страна Хусеин, кој се противеше на трансферот на Евреите во Израел.

Можеби ќе ве интересира

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму