05 Декември, 2025
0.0286

СКАНДАЛОЗНО:Поранешниот фудбалер на Рома, Тоти, осомничен за перење пари

Објавено во: Спорт 08 Јануари, 2023 19:35

Добивај вести на Viber

Поранешниот фудбалер на Рома и италијански репрезентативец Франческо Тоти е под истрага за перење пари и сомнителни трансакции, пренесува „Мундо депортиво“.

Шпанските медиуми јавуваат дека се работи за разработена операција во која се вклучени повеќе физички лица и синџири на казина. Спорна е една од трансакциите во форма на заем од 80.000 евра на пензионер во градот Анзио, пренесува Танјуг.

Според „Мундо депортива“ не станува збор само за една трансакција, туку неколку од нив достигнуваат милиони долари меѓу Тоти и неговиот пријател, што може да се поврзе со операции во казина во Лас Вегас, Монте Карло и Лондон.

Политика.рс

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: