27 Април, 2024
0.0272

Скапата струја го погодува и телекомуникацискиот сектор во Македонија

Објавено во: Економија 29 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Кризата со електричната енергија го погодува и телекомуникацискиот сектор, а енормно високите цени на електричната енергија  може да влијае и на комуникациските услугите во нашата земја. И додека многу се зборува инфлација во скоро сите сектори, секторот комуникации, кој се смета за критична инфраструктура, воопшто не се спомнува. Според податоците од Државен завод за статистика, овој сектор имал најмала стапка на инфлација, 0.1 отсто, додека кај повеќето сектори, таа оди и до над 10 отсто. Ова е во периодот 2020 до третиот квартал во 2022, период  на Ковид кризата  кога комуникациската инфраструктуира беше основата за функционирање. 

Од комуникацијата со експертите во областа, регулаторното тело, како и самите оператори несомнен е заклучокот дека телекомуникациските услуги се поврзани со користење на електрична енергија. Целиот потенцијал на најновите технологии зависи од струја. Ако ја нема, или е премногу скапа, тоа влијае на развојот во секторот, а теле операторите нема да може да ги обезбедат постоечките услуги по прифатливи комерцијални услуги, или пак да го искористат во целост потенцијалот на новите технологии што ќе значи уназадување на многу операции во општеството..

Од Македонски Телеком велат дека трошокот за електрична енергија на крајот на годината може да биде за 12 до 17 милиони евра повеќе во однос на 2021.

„Телекомуникацискиот сектор е сериозно погоден од енергетската криза, иако не се зборува многу на таа тема. Ако ги споредиме август 2021 со август 2022 разликата во сумата која компанијата ја плаќа за електрична енергија е пет пати поголема. Нашите услуги зависат од електрична енергија, а со ширењето и надградбата на мрежата со најнови технологии потрошувачката уште повеќе се зголемува. Не станува збор само за нарушување на бизнис планот туку за сериозни суми кои негативно ќе влијаат врз целата индустрија. И покрај големиот ценовен притисок ги испорачуваме комуникациските услуги во континуитет и ненарушен квалитет, што претставува голем предизвик да се одржи на подолг временски рок“, велат од Телеком.

Операторот смета дека ваквиот тренд негативно ќе се одрази и врз услугите. Од таму велат дека залудни се растот и развојот на новите технологии и големите инвестиции, ако не постои можност да ги испорачаат со тој квалитет и комерцијални цени.

Од А1 Македонија иако засега се резервирани по ова прашање,  потврдуваат дека трошоците во работењето се рапидно зголемени.

„Постојано посветено работиме на непречено обезбедување на услугите за корисниците што го докажавме и во периодот кога се соочивме со најголемата ковид криза кога комуникацијата беше витална услуга за јавноста и тоа го обезбедивме без промени во цените на портфолиото. Овој тренд го продолжуваме и сега кога цената на електричната енергија ги надминува сите наши предвидувања и проекции и секако енормно влијае на трошоците на нашето работење“, се вели во дел од одговорот кој го добивме од овој оператор.

Од Агенцијата за електронски комуникации како регулаторно тело информираат дека до овој момент сеуште нема барање од било кој оператор за било каква промена на цените на услугите и напоменуваат дека малопродажните цени на услугите се пазарно регулирани, додека согласно законските обврски, под регулација подлежат само големопродажните улуги.

„Веројатно е дека во било какви услови операторите ќе можат да обезбедуваат услуги на комерцијална основа. Нејасно е само колку тие услуги кои би се формирале на база на цени за трошоци би биле прифатливи од корисниците на услугите имајќи ја предвид платежната моќ на македонските граѓани. Можно е со зголемување на цените на услугите корисниците да почнат да ги откажуваат или да не ги продолжуваат договорите кои ги имаат склучено со операторите“, укажуваат од АЕК.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра