19 Декември, 2025
0.2555

Скапи „италијански чевли“ направени во источноевропските експлоататорски фирми

Објавено во: Економија 23 Август, 2016 09:34

Добивај вести на Viber

Вознемирувачка студија тврди дека работниците за производство на врвни брендови од Велика Британија  имаат ниски плати и работат во лоши услови, пишува Гардијан.

Активистите тврдат дека милиони купувачи веруваат дека купиле скапи чевли од продавници и смеаат дека се направени во Германија и Италија, а многу од нив се всушност направени од страна на работниците во Источна Европа кои работат за мали плати во експлоататорски претпријатија.

Скандалот доведе до истрага од европската чевларската индустрија, со детали за незаконски плати и шокантни услови за работа во фабриките од кои излегуваат обувки за пазарот во Велика Британија.

Истрагата тврди дека некои големи брендови со користење на законска дупка, ставаат печат на нивните производи со „Произведено во Италија" или „Произведено во Германија" да приложат дека тие се со висок квалитет, а тие всушност се направени од страна на сиромашните работници од Источна Европа. Истрагата покажа дека  работниците за обувки во Албанија заработуваат малку, 49 пени за еден час вклучувајќи прекувремена работа - што е нелегална стапка дури и во толку сиромашна земја.

Работниците во Македонија за еден час се платени многу ниско 64 пени. Работник бил однесен во болница по несвестица во  фабрика каде било многу ладно, каде што морале да работат со силни хемикалии.

„Ако работникот треба да заврши, да речеме 9.000 пара чевли, тој ќе стави 90 пара, па дури и ако треба да умре, ќе мора да ги заврши"- се вели во извештајот.

Се тврди дека во една македонска фабрика, која произведува обувки Геокс, се  исплаќаат незаконски ниските плати во износ од 131 евро месечно, со прекувремена работа. Законскиот минимум изнесува 145 евра без прекувремена работа.

Во извештајот е опфатено производството во шест ниско платени земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Полска, Романија и Словачка. Еден во три од албанските работници се платени помалку од законската минимална плата од  121 евро за еден месец. Во извештајот е наведено дека жените се генерално во полоша состојба. Албанските работници пријавиле дека морале да работат до 60 пара чевли дневно.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба