СКАПО ПЛАТИЛЕ: Им ветил превоз до Белград, а ги оставил во Куманово
Објавено во: Македонија 13 Јули, 2018
Полицијата завчера открила 13 мигранти од Ирак, без документи за идентификација, оставени на бензиска пумпа на автопатот Куманово-Табановце.
Ф.В. (35) од скопското село Студеничани, претходно им земал по 3.000 евра за да ги однесе од грчката граница до Белград, но ги измамил, по што ги оставил во Куманово и побегнал.
По насоки од Јавен обвинител за ООК, мигрантите како жртви на криумчарење привремено се сместени во Прифатниот центар за странци -Скопје“.