12 Декември, 2025
0.3630

Уапсен референт од Прилепската болница, проневерил 250.000 евра уплати од граѓани

Објавено во: Македонија 12 Декември, 2025 12:33

Добивај вести на Viber

Управата за финансиска полиција го уапси Д.К. во својство на службено лице од прилепската болница, кој парите на граѓаните уплаќани на шалтер ги проневерил во висина од 250.000 евра. Во текот на утринските часови од страна на службени лица на Управата за финансиска полиција пријавеното лице е лишено од слобода и истото е изведено пред судија на претходна постапка при Основен суд Прилеп. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомничениот.

- Пријавениот во својство на службено лице, вработен на работно место самостоен референт - главен благајник во Одделение за материјално финансиско работење во Сектор за материјално – финансиски работи и сметководство при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп, во периодот од 01.01.2020 до 31.12.2021 година, со цел да прибави за себе противправна имотна корист, во повеќе наврати дел од наплатените и примени парични средства од шалтерите на болницата, наплатени од пациентите по основ на партиципација и приватни здравствени услуги, не ги уплатил на банкарската сметка на болницата и истите противправно ги присвоил за себе, односно за 2020-та година присвоил парични средства во износ од 6.568.726 денари и за 2021-ва година присвоил парични средства во износ од 8.494.558 денари, со што го оштетил Буџетот на ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ во вкупен износ од 15.063.284 денари, објави Финанасиска полиција.

Постапувајќи по кривична пријава од Управата за финансиска полиција, Основното јавно обвинителство Прилеп поведе истражна постапка против службеникот поради проневера.

„Тој во повеќе наврати дел од наплатените и примените парични средства од шалтерите на болницата, наплатени од пациентите по основ на партиципација и приватни здравствени услуги, не ги уплатил на банкарската сметка на болницата, не изготвил обрасци „каса-прими“ и истите противправно ги присвоил за себе со што прибавил значителна имотна корист во вкупен износ од 15.063.284 денари“, потврди и ОЈО.


Можеби ќе ве интересира

ЦУК: Мал авион падна во Мавровското Езеро, едно лице повредено

ЦУК: Мал авион падна во Мавровското Езеро, едно лице повредено

СКЛАДИРАЛ ОТПАД ВО ДВОРОТ И ПЛАЌАЛ ЗА ДА МУ СОБИРААТ - Седум лица од Струмица добија кривична пријава за загрозување на животната средина

СКЛАДИРАЛ ОТПАД ВО ДВОРОТ И ПЛАЌАЛ ЗА ДА МУ СОБИРААТ - Седум лица од Струмица добија кривична пријава за загрозување на животната средина

(ВИДЕО) Пронајден убиецот на жената во гостиварско, сопругата ја кажа вистината пред полицијата

(ВИДЕО) Пронајден убиецот на жената во гостиварско, сопругата ја кажа вистината пред полицијата

Безбеден град ќе започне да функционира од 1 февруари 2026 година

Безбеден град ќе започне да функционира од 1 февруари 2026 година

До 23 декември пријавување за манифестацијата „Украсуваме по скопски“

До 23 декември пријавување за манифестацијата „Украсуваме по скопски“

ВТОР ОБИД ЗА ПРОДАЖБА НА СТАНОВИТЕ НА ГРУЕВСКИ НА ВОДНО - цените се намалени

ВТОР ОБИД ЗА ПРОДАЖБА НА СТАНОВИТЕ НА ГРУЕВСКИ НА ВОДНО - цените се намалени

„Сарај започнува од нула. Никој нема да биде заштитен и ниедна злоупотреба нема да биде скриена“: ВРЕДИ со поддршка за градоначалникот Елмази

„Сарај започнува од нула. Никој нема да биде заштитен и ниедна злоупотреба нема да биде скриена“: ВРЕДИ со поддршка за градоначалникот Елмази

ПРОНАЈДЕНО ТЕЛО ЗАКОПАНО ВО ДУПКА ВО ГОСТИВАРСКО НЕГОТИНО: Постои сомнение дека е жена која била пријавена за исчезната и противправно лишена од слобода

ПРОНАЈДЕНО ТЕЛО ЗАКОПАНО ВО ДУПКА ВО ГОСТИВАРСКО НЕГОТИНО: Постои сомнение дека е жена која била пријавена за исчезната и противправно лишена од слобода

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го преименува статусот од мигранти во „економски работници“

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го преименува статусот од мигранти во „економски работници“