18 Декември, 2025
0.1113

СКОК НА ДДВ: Колку ќе не чини гирото летово во Грција?

Објавено во: Балкан, Економија 25 Мај, 2016 10:53

Добивај вести на Viber

Грција од понеделникот почна со примена на вистински „даночен масакр“, меѓутоа наметнувањата односно промените кои најмногу ги загрижува туристите е растот на ДДВ од 23 на 24 одсто.

Зголемувањето на државните даноци нема значајно да се почуствуваат во нивните продавници и ресторани. Грчките економисти велат дека растот на данокот најпрво ќе се прелие на цените на оризот, тестенините, брашното, кафето, месото, џемот, чоколадите, сладоледот и соковите...

Владата во Грција минатата среда поднесе Предлог закон за измени во даночниот систем, кој би требало во наредните година и пол дена, да донесе макар 1,5 милијарди „свежи“ приходи за буџетот на оваа земја, а во текот на 2018 да порасне до 1,8 милијарди евра.

Новиот ДДВ од 24 одсто, ќе стапи на сила од 1 јуни оваа година. Тоа може да значи дека ќе поскапе стоката од широка потрошувачка и услуги на пазарот. Доколку трговците одлучат минималното зголемување на данокот да го преточат во нови цени, тоа најмногу ќе се примени на спакуваната стока. По новите цени би можеке да се пресметуваат и услугите во угостителството, јавниот сообраќај, како и такси услугите.

„Порастот на ДДВ од 23 на 24 одсто нема важно да влијае на некои значајни поскапувања на услугите во Грција“, велат економистите. -Тоа нема да биде ни причина за дополнително зголемување на цената. Промената на стапката на ДДВ би можела да влијае на порастот на инфлацијата од максимално 0,5 одсто. За Грција тоа било резерва мерка во случај да потфрлат даночните приходи.

Од 1 октомври додатно ќе бидат оптеретени цените на горивото, посебно мазутот. Почетокот на следната година на Грците ќе им донесе и нови даноци во трговијата со автомобили, електрични цигари, кафе, кабловска телевизија, интернет.

Од 1 јануари 2018  година се зголемува и туристичката такса во сите хотели и соби за изнајмување, по скала од 50 центи во категориите еден и два до четири евра по ноќ во хотелите со пет ѕвезди. Најсериозен удар ќе доживеат сопствениците на недвижнини кои ќе плаќаат дополнителен данок на сите недвижнини над 200 000 евра.

Најголеми приходи ќе донесе „пакетот“ на зголемени акцизи на цигарите, тутунот, алкохолот, пивото и горивото во висина од 699 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии