СКОК НА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Што поскапува од денес?
Објавено во: Балкан, Стил 01 Јуни, 2016
Од денеска во продажната мрежа на Грција се воведени нови повисоки цени по покачување на ДДВ-то, изгласано пред неколку дена во парламентот.
Меѓу стоките со повисоки цени се голем дел од прехранбените производи како чоколадни производи, пекари, сите видови конзерви.
Скокнаа и цените на облека, обувки и мебел.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/05/29/stop-za-domati-i-piperki-ako-odite-vo-grtsija-ne-pomisluvajte-da-go-polnite-bagazhot-so-ova/" target="blank" ]СТОП ЗА ДОМАТИ И ПИПЕРКИ: Ако одите во Грција не помислувајте да го полните багажот со ова![/button]
На релативно малку бензински пумпи досега се забележува зголемување на цените, и покрај зголемената акциза. Сопственици на ресторани и таверни коментираат дека ќе се обидат да ги задржат цените на храната, но оние на алкохолот се зголемуваат значително.
На 11 острови од денес се отстрануваат и постоечките параметри со намален ДДВ за 30% како за стока, така и за услуги. Еден од овие острови е Тасос, најпосакувана дестинација за македонските туристи.
Кафето поскапува само во продавниците, но на плажите останува по цена од околу 3 евра. Само маслото и маслинки се стоките, кои не се најдоа на удаr на покачувањето на цените.
Се зголемуваат се даноците и на пензии и плати, што доведува до уште едно намалување на приходите за Грците.
Околу две милијарди евра се очекува да собере Владата на Ципрас од повисоките стапки на ДДВ.
И покрај штрајковите и протестите, мерките беа изгласани во парламентот како исполнување на условите на кредиторите.