19 Декември, 2025
0.0546

Скокнаа цените на најпопуларните брендови на цигари

Објавено во: Економија 16 Август, 2016 15:19

Добивај вести на Viber

Се зголемуваат цените на најпопуларните брендови на цигари во земјава.

Поскапувањето е од пред неколку дена. Марлборо во тврдо пакување се продава за 130 денари за кутија, а на 100 денари поскапеа и Марлборо едициите на малку потенки цигари.

Поскапеа и цигарите Вест во тврда и мека варијанта на 70 односно 80 денари по кутија. Од пред неколку дена поскапи се и Честерфилд кои наместо 70 сега се продаваат за 75 денари.

Кутија Родео од пред месец дена наместо за 63 се продава за 68 денари. Поскапи се и Давидоф кои сега чинат 135 денари.

Согласно правилникот за акцизите на цигарите, државата предвиде до оваа година цигарите годишно да имаат по 3 денари од кутија повисока акциза, а следниот 1 јули, 2017 година, акцизата да порасне за 4 денари по кутија.

Сепак, производителите решија да направат поскапување и за до 5 денари по кутија, а некои брендови, како на пример Марлборо за неколку месеци поскапеа и по 10 денари за една кутија.

Варијациите на „бос” се продаваат поскапо за 5 денари, а поскапени се и сите варијации на „вест”. По ново, „вест меко” чини 70 денари, а „вест суперслим” 90 денари. За по пет денари се поскапени и сите варијации на „родео”, освен „родео” (меко), чија цена остана иста.

Во февруари годинава, од три до пет денари поскапеа цигарите од Тутунскиот комбинат Прилеп.

Можеби ќе ве интересира

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка