19 Декември, 2025
0.0531

Скокнаа цените на становите

Објавено во: Економија 20 Мај, 2016 13:35

Добивај вести на Viber

3,1 отсто се зголемиле цените на становите покажа последниот извештај на Народната банка.

Од централната банка велат дека засега не можат да проценат дали растот е од привремен или постојан карактер.

Според податокот на НБРМ во овој период зајакнува и побарувачката на станови, што е резултат на растот на станбените кредити.

„Имајќи предвид дека во текот на изминатата година, кај цените на недвижностите беа забележани мали поместувања во различна насока, тешко е да се заклучи дали промената во првиот квартал е од постојан или од привремен карактер. Во прилог на ова е и констатацијата дека по изразено надолниот тренд во претходните години, во текот на изминатата година дојде до стабилизирање на цените на становите“, се наведува во извештајот на НБРМ.

 Во поглед на состојбата на понудата и побарувачката на недвижности, показателите не упатуваат на позначителни промени.

„Имено, кај изградбата на станбени згради и понатаму се забележува двоцифрена стапка на раст (просечна годишна стапка на раст на изградбата на станбени згради во 2015 година од околу 19%), а слична динамика покажуваат и податоците за одобренијата за изградба на станови. Во поглед на побарувачката на станови, постојаниот солиден раст на станбените кредити продолжи и во првиот квартал на 2016 година, што упатува на натамошно зајакнување на побарувачката“, соопшти НБРМ.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии