Кафулето „ГЕТ -КАФЕ“ во Кисела Вода, куќата на Марјан Михајловски во населба Драчево и терасата на Филип Нечевски во населба Аеродром се прогласени за најубаво украсени објекти во Скопје, за новогодишните празници.
За најубаво украсен двор на средно училиште, во конкуренција од две пријавени, комисијата го избра дворот на СУГС „Димитар Влахов".
„Градот Скопје ја продолжува традицијата на стимулирање на граѓаните да ја украсувааат својата микро локација со што Градот добива поубав предновогодишен лик. Сакам да им честитам на добитниците, но и на комисиите составени од медиумски претставници за добро завршената работа. Им благодарам и на спонзорите за нивната поддршка што секоја година ја даваат на манифестацијата", рече градоначалникот Трајановски за време на доделувањето на наградите на веќе традиционалната манифестација „Новогодишните бои на Скопје 2012".
Победниците од Градот добија по 10.000 денари, ваучери во вредност од 2000 денари од фирмата за увоз и продажба на моторни масла и филтери „Фас Вас" ДООЕЛ во првите три категории им додели , а ЕВН Македонија ги ослободи од плаќање на декемвриската сметка за струја.
Еве ги победниците:
1. Најубаво украсено кафуле2.Најубаво украсена тераса3.Најубаво украсен двор4.Најубаво украсено училиште