Добивај вести на Viber
Започнува зимската сезона за спортскиот центар „Борис Трајковски“ каде од денеска сите заинтересирани ќе може да лизгаат на вистински мраз на лизгалиштето во комплексот.
Таму покрај рекреативното лизгање, се најавени и тренинзите по хокеј и уметничко лизгање.
Лизгалиштето за рекреативците ќе биде отворено од понеделник до петок 11 до 14 и од 19 до 23 часот, како и сабота и недела од 12 до полноќ. Притоа билетот чини 120 денари со вклучени лизгалки.
Истовремено странските тренери ги започнаа и кондиционите тренинзи за хокеарите, а за девојчињата има и балет како дополнителна вежба во клубот за уметничко лизгање. Овие тренинзи се одржуваат четири пати во неделата, а месец трениг чини 2000 денари.
Како што соопштија од спортскиот центар „Борис Трајковски“ , сезоната за лизгање ќе трае до 15 април.