СКОПЈАНИ УШТЕ ОД РАНО ЧЕКААТ РЕДИЦИ ПРЕД МАРКЕТИТЕ, некои веќе заминаа по други градови
Објавено во: Македонија 04 Јуни, 2020
Уште рано утринава скопјани ги запоседнаа маркетите со цел да ги набават потребните намирници за долгиот претстоен карантински викенд, кој ќе трае три дена, односно од денеска во 21 часот па се до 5 часот во понеделник.
Фактор засега направи аматерска фотографија, повеќе ќе следуваат во текот на денот.
Покрај ова, голем дел од граѓаните кои денеска немаат работни обврски, уште од утрово со своите автомобили се упатија кон некои од општините каде што нема да има цели три дена полициски час.
Петок, сабота и недела во другите градови има забрана за движење од 16 часот до 5 часот следниот ден.
Групирање на граѓаните на семејни собири, непочитување на мерките при превоз доведе до раст на бројот на заразени. Се забранува посета на гробиштата, освен за погреби.
Филипче вчера рече дека сите овие мерки се издржани, прецизни и навремени.
Но, социјалните мрежи зовреа од критики за ваквата владина одлука.Дел од реакциите се однесуваат дека со оваа одлука практично се онеправдани граѓаните кои во изминатите два месеци целосно и педантно ги почитуваа владините рестриктивни мерки, но сега повторно ќе бидат практично „казнети“, поради недисциплината и непочитување на препораките од други граѓани, кои доведоа до ширење на коронавирусот и голем број на нови случаи. Некои од реакциите се и на верска основа, во смисла зошто на православните верници ќе им биде оневозможено да отидат на гробишта за верскиот празник Задушница, исто како што не можеа да ги посетат црквите за Велигден. Трет дел од критиките се однесува на фактот што во текот на денешниот ден повторно би се создал хаос по маркетите, од граѓаните кои ќе треба да набават намирници за претстојните три дена. Многу од граѓаните, исто така, и укажуваат на власта дека набргу ќе има избори, а оваа нејзина одлука тие ќе ја имаат предвид при гласањето.
Н.Н.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.