08 Октомври, 2024
0.0250

Скопјанка го раскажува животот во Данска: Високи плати, а храната чини исто како кај нас

Објавено во: Стил 03 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Веќе неколку години Скопјанката Сабина Љатифовска живее во Данска односно во Копенхаген.

Таа за Фактор раскажува дека платите се од  2.500 евра па нагоре, кириите се околу 800 евра.

Храната има слични цени на оние во Македонија, со исклучок на некои производи. Најмногу медицински сестри се бараат во Данска, а Сабина вели со оваа струка лесно може да се најде работа.

Во Данска постојат закони кои не се како во другите европски земји,  тука постојат професии кои спаѓаат во  таканаречена позитивна листа  како на пример медицинска сестра која е многу барана професија и може да се аплицира за работна виза во траење од три години, која подоцна може да се продолжи доколку работодавачот е задоволен од вашата работа,  но во Данска претежно сите кои се дојдени од Македонија бидејќи Македонија спаѓа во трета група на земји кои не се членки на ЕУ е многу потешко за добивање на престој. Доколку немате друга можност најлесно е со бугарски пасош за добивање престој.  Најчесто Македонците тука се вработуваат во Ренгоринг системот( оджување на хигиена ) по фирми, болници, барови,  пабови и слично.  Она што е добро во Кралството Данска се платите, најниската плата е 2500 евра во зависност на одработени часови, а  тоа значи работа која некогаш може да биде и за викенд.  Кириите се движат од 800 евра во која е вклучено парно, гас, вода, струја. Цените на храната се слични со Македонија, а  некои производи се поскапи“ – вели Љатифовска.

Раскажува дека во Данска има голем број на македонски граѓани кои таму се заминати по работа и обезбедување на егзистенција.

Таа додава дека најсигурно е да се замине преку имиграционо затоа што таму се добиваат точни информации.  Љатифовска вели дека документите за завршено образование мора да поминат авторизација.

„Во Краството Данска постои министерство каде што се праќаат документите за авторизација на средното или виското образование. Најсигурно е доколку имате бугарски пасош, но исто е сигурно преку family reunification доколку другата личност има пермамент односно постојан престој на живеење“ – рече Љатифовска.

Таа е медицинска сестра по професија, која наскоро очекува вработување во Данска, и  вели дека е задоволна од она што оваа земја го нуди за живот.

За оние кои планираат да се преселат во Данска, вели дека е неопходно да ги познаваат или данскиот или англискиот јазик.