Скопјанка вознемирувана поради монтирани слики - „Јавна соба“ повторно на Телеграм
Објавено во: Македонија 11 Април, 2022 21:03
Во нова група на Телеграм, повторно со име „Јавна соба“, се објавуваат фотографии, фотомонтажи, податоци од социјални мрежи и телефонски броеви на девојки од земјава, објави Телма. Од сликите на новата група се гледа дека таа има над 1.340 членови.
Групата се појавила викендов, со име „Јавна соба резерва“, а според Телма, на девојка од Скопје ѝ биле објавени податоци од профилот на Фејсбук, заедно со туѓи фотографии со порнографска содржина.
Со часови, на девојката ѝ биле испраќани непристојни пораки и била вознемирувана. Поради големите непријатности, девојката го затворила профилот на социјалната мрежа.
Дарко Костовски како креатор и Михаил Паневски како администратор во март месец годинава се осудени на 4 години казна затвор за случајот „Јавна соба“ за објавување на порнографска видео-содржина со малолетно лице.
Креаторот и администраторо на првата група „Јавна соба“ на апликацијата „Телеграм“ беа обвинети за кривичното дело производство и дистрибуција на детска порнографија, а судењето започна ланифото Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




