СКОПЈЕ Е ПОДГОТВЕНО ЗА СТАРТ- Во недела по седми пат ќе се одржи ХалкЕко Скопје трча 10км!
Објавено во: Мои пари 05 Мај, 2023 09:24
Уличната трка, која од локална, прерасна во меѓународна со сертификат од Светска Атлетика и АИМС, ХалкЕко Скопје трча 10км, ќе се одржи на 7ми мај, во недела, со почеток во 09:00 часот. Стартот и целта ќе бидат исти како и минатите години, на булеварот „Илинден“ кај фонтаната „Лотос“.
Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со А.К. Работнички и Триатлон федерација на Македонија, главен партнер е Халкбанк АД Скопје, додека покровители на трката се Градот Скопје и Агенцијата за Млади и спорт.

Натпреварувачите, пред самиот старт на трката ќе бидат сместени во пет стратни бокса, според времето кое тие го одбрале и ќе трчаат еден круг по дел од булеварите „Илинден“ и „Партизански одреди“ и улицата „Никола Парапунов“.
Трката е од натпреварувачки карактер, за првите 5 места во машка и женска конкуренција, ќе има парични награди. Со дипломи и пехари ќе бидат наградени и најбрзите во следните возрасни категории: од 35 до 44 години, од 45 до 54 години и над 55 години. Церемонијата на доделување на награди ќе започне по завршувањето на трката.
Пријавените тркачи своите стартни пакети ќе можат да ги подигнат на 5ти и 6ти мај (петок и сабота), од 11 до 19 часот, во СЦ Борис Трајковски, кај влезот спроти лизгалиштето. При подигнување на стартниот број, тркачите треба да прикажат документ за идентификација или потврда на нивната електронска адреса од организаторот за пријава на самата трка.
На самиот ден на трката, недела, низ улиците на Скопје ќе има посебен сообраќаен режим. Улици и булевари кои ќе бидат затворени од 08:00 часот до 11:00 часот на 7 мај:
Затворени улици
- булевар „Илинден“ ( во двете насоки) од раскрсницата со булевар„Климент Охридски“ до раскрсница со улица „Никола Парапунов“
- улица„Никола Парапунов“ од раскрсница со булевар„Илинден“ до раскрсница со булевар„Партизански одреди“
- булевар„Партизански одреди“ (во правец конЃорче Петров) од раскрсница со улица„Љубљанска“ до раскрсница со Ангел Динев (мост Влајко)
Временски затворени улици
- булевар„8 Септември“ од раскрсница со булевар„Партизански одреди“ до улица „Скупи“ (кај Хубо маркет)
- улица„Бледски договор“
Сите улици кои се вкрстуваат со булевар„Илинден“ќе бидат затворени за влез кон булевар„Илинден“.
Организаторите на трката на сите учесници им посакуваат добри резулатати и да уживаат во ова 7. издание на ХалкЕко Скопје трча 10км. Истовремено ги повикуваат Скопјани да излезат на булеварите „Илинден“ и „Партизански одреди“ и улицата „Никола Парапунов“ да ги поддржат сите натпреварувачи.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




