19 Декември, 2025
0.0847

Скопје го поплавија 37 литри на метар квадратен, нови врнежи денеска!

Објавено во: Економија 26 Мај, 2014 11:22

Добивај вести на Viber

Во Скопје вчера наврнаа 37 литри на метар квадратен за половина час, а дуваше и ветар со брзина од 70 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. И за денеска попладне метеоролозите најавуваат пороен дожд и грмежи, особено во западните и југозападните делови од земјата, а одредена стабилизација на времето се очекува утре и во среда. Силното невреме што синоќа ја зафати Македонија поплави одредени делови во градот и го отежна сообраќајот. Координативното тело на Владата, предводено од министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот Коце Трајановски заседаваше синоќа и посетија неколку критични точки. Невремето предизвика проблеми во снабдувањето со електрична енергија, затоа што во неколу трафостаници изби краток спој. Од удар на гром, пак, пукна и гасовод во Ново Лисиче. Екипи на јавните претпријатија ЕВН и ГАМА од синоќа се на терен во обид да се санираат дефектите. Во Ново Лисиче два паркирани автомобила пропаднаа во дупка, што се отвори по вчерашното невреме. Според првичните сознанија, возилата пропаднале кога се одронила земја во градежната дупка зад бензинската пумпа на Окта, на булевар „Србија“. Синоќа Скопје го погоди и земјотрес, кој според Сеизмолошката опсерваторија на Природно-математичкиот факултет потекнува од скопското епицентрално подрачје, со јачина од 5-6 степени според Европската макросеизмичка скала.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии