Скопје има 619 нови случаи на коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 30 Март, 2021
Според најновите податоци на Министерството за здравство, Скопје има 619 нови случаи на коронавирусот.
Зад главниот град е Битола, каде има 75 нови заразени, Прилеп – 65, Куманово – 61, Тетово – 50, Кавадарци – 40, Велес - 39, Охрид – 34, Штип – 32, Струмица и Струга – по 23, Кочани – 22, Кичево и Берово – по 21, Гостивар – 19, Неготино – 18, Крива Паланка – 17, Гевгелија – 15, Валандово – 11. Во другите градови, бројот на заболени е помал.
Во Скопје има 9.329 активни случаи на коронавирусот, а во Прилеп има 1.047 активни. 782 активни има во Куманово. Дојран и Македонска Каменица имаат само по 9 активни случаи. Нови мерки засега нема, а од утре почнува вакцинацијата со вакцината АстраЗенека.foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.