20 Декември, 2025
0.0529

Скопје се гуши во смог, граѓаните треба да седат дома – допрва ќе се мери кој загадувал!

Објавено во: Мои пари 14 Декември, 2013 21:27

Добивај вести на Viber

Беа најавени пред неколку месеци, треба да стигнат идната недела. Двата мобилни апарати со кои ќе се мери загадувањето во воздух наскоро ќе бидат ставени во функција најави Министерот за здравство Никола Тодоров повторувајќи дека со нив за првпат ќе се докажува поврзаноста меѓу загадениот воздух и оној што загадува. Апаратите  ќе бидат поставувани на проблематичните места, а ќе мерат во рок од 24 часа. Потоа ќе се  анализираат честиците, нивниот хемиски состав и дали содржат елементи поврзани со она што го испушта одредена фабрика за која се смета дека е загадувач. „Со овие апарати се докажува врската помеѓу загадувачот и загаденоста, затоа што се поставува на местото каде што е изворот на загадување и може потоа да се утврди хемискиот полнеж на ПМ честичката 10 и 2,5 и да се утврди дали е резултат на загадувачот каде што е поставен апаратот“, појасни Тодоров објаснувајќи дека казните за загадувачите се многу сериозни бидејќи станува збор за кривични дела. Како што веќе беше  најавено мобилните мерачи лесно ќе се транспортираат со возило и ќе може да се поставуваат на било кое место. Како најголеми и најчести загадувачи на воздухот се ПM10 честичките, со дијаметар до 10 микрометри и ПМ честичките со 2,5 микрометри. Токну поради надминувањето на граничните вредности за честичките во воздухот помали од 10 микрометри (РМ10) и високото ниво на загаденост, градот Скопје денеска излезе со препораки за надминување на состојбите. Како дел од мерките граѓаните се повикуваат да седат дома, да не ги проветруваат просториите, да не користат уреди за затоплување и за готвење на фосилни горива. Во препораките стои да се одложат сите активности со корозивни хемикалии, лепаци, бои, лакови или пестициди, но и да се користи автобус наместо автомобил. „Се повикуваат граѓаните при затоплување на своите домови, да не користат недефинирани горива и отпадни материи од различни технолошки процеси, отпадно масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, пластична амбалажа, гума или синтетички материјали, возачите на тешките товарни возила да ја почитуваат сообраќајната сигнализација за движење низ градот, во спротивно подлежат на ригорозни санкции, а сопствениците и корисниците на камионите да не ги користат доколку немаат регуларно испуштање на отпадните гасови“, се наведува во соопштението од град Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии