20 Декември, 2025
0.0478

„Скопје травел маркет“-саем за туризам од 25 до 27 април

Објавено во: Економија 23 Април, 2013 12:42

Добивај вести на Viber

Промоција на домашни и странски атрактивни дестинации за одмор, релаксација и уживање ќе биде само дел од Саемот за туризам „Скопје травел маркет“ што ќе се одржи од 25 до 27 овој месец.

На саемот, како што најавија денеска организаторите, ќе бидат претставени туристички агенции, хотели, ресторани, кампови, компании за патнички превоз, потенцијални инвеститори во туристичката индустрија, авиокомпании, занаетчиски комори, како и винарски визби.

- Одржувањето на оваа манифестација е поттикнато од фактот дека туризмот е значајна стопанска гранка која има суштествена улога во економскиот развој и преку привлекување нови инвестиции, отворање работни места, промовирање на културните вредности и на природните богатства не само во земјава, туку и надвор од неа, рече Магдалена Хамбова од Скопски саем на средба со новинарите.

На „Скопје травел маркет“ тур-операторите учесници не само од регионот, туку и од Турција, Италија, Северен Кипар, Унгарија, ќе имаат можност да остварат директни средби и да договорат евентуална соработка.

На „Скопје травел маркет“ ќе присуствуваат и оператори за верски туризам кои генерално ќе нудат аранжмани за одење на аџилак.

Изложбен простор ќе има и поддржувачот - Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија. Предвидено е првиот ден, традиционално, да се одржи првенството на бармени, а следниот, на 26 април, туристичката агенција „Савана“ ќе го промовира тренинг-центарот чија цел е обука на туристички работници.

Како што велат од Агенцијата за промоција на туризмот, и покрај кризата зголемен е интересот на земјите за учество на „Скопје травел маркет“. Туристичките агенции веќе најавуваат попусти но и можност на саемот да се прават резервации за претстојната летна сезона.

Агенцијава во изминатиот период посетила 13 меѓународни саеми за туризам во Европа каде што исклучително успешно била промовирана и Македонија. Воедно се издадени и брошури на 15 јазици. Холандија, Австрија, Шведска, Италија и Русија се меѓу државите кои покажале најголем интерес за земјава.

„Скопје травел маркет“ ќе биде отворен секој ден од 11 до 19 часот, а цената на влезниците е 50 денари. За групна посета на ученици и студенти билетот ќе чини 30 денари.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба