19 Април, 2024
0.0279

Скопје во портокалово, старт на #НемаОправдување – заедно против насилство врз жени и девојчиња

Објавено во: Стил 25 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

На Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените, со официјален настан во паркот „Жена борец“, денес од 19ч., ќе се означи почеток на годинешната кампања со слоган „#НемаОправдување – заедно против насилство врз жени и девојчиња“. Со настанот започнуваат и останатите активности што ќе се реализираат во текот на глобалната кампања 16 дена активизам против родово-базирано насилство, што ќе трае до Меѓународниот ден на човекови права, 10 декември 2019 г.  

Во светски рамки, една од три жени е жртва на насилство. Насилството врз жените и девојчињата постои во најразлични форми, во кои влегуваат различните психички и физички акти на насилство што се случуваат секој ден. Цел на кампањата е да поттикне дискусија, споделување и активно вклучување во борбата против насилството врз жените и девојчињата. Замислена е да ја рефлектира темата „Обојте го светот во портокалово: Генерацијата Еднаквост зазема став против силувањето“, а како носечки симбол на овој настан е целосното „портокалово“ осветлување на паркот „Жена борец“. Портокаловата боја е избрана како симбол за посветла иднина без насилство врз жените и таа боја е основа за целата кампања која ќе трае 16 дена.

На настанот ќе присуствуваат бројни високи владини претставници, како и претставници на Мисиите на ОН, Европската Унијаи ОБСЕ во Северна Македонија, кои ќе се обратат на присутните истакнувајќи ја важноста од проактивно вклучување на сите институции и воопшто генералната јавност во борбата против различните форми на насилство врз жени и девојчиња.

Планираните активности за 16те дена активизам вклучуваат кампања на социјалните медиуми, со објавување различни содржини и едукативни пораки против насилство од различни луѓе, од различни сфери на животот како нивен знак на поддршка и организирање низа активности, како и дебати и работилници низ целата држава.

Следете го хаштагот #НемаОправдување и приклучете се кон единствената цел – општество без насилство врз жени и девојчиња.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре