18 Декември, 2025
0.0615

СКОРО 24 ОТСТО ОД МЛАДИТЕ НЕ РАБОТАТ И НЕ УЧАТ: Какви ќе бидат последиците за поединците, но и за општеството?

Објавено во: Економија 13 Август, 2025 07:41

Добивај вести на Viber

Откако вчера по повод Меѓународниот ден на младите беше соопштено дека 23,7 отсто од младите на возраст од 15 до 29 години не се ниту во образование, ниту во работен процес, ниту на обука, што е далеку над европскиот просек, од Хера велат дека ова не мора да значи дека младите се пасивни. Тие укажуваат дека на младите луѓе во Македонија, државата треба да им понуди повеќе можности. Сепак, поради неактивноста на младите во општеството ќе има последици. Неактивноста носи и ризик од сиромаштија.

„Овој податок не значи дека младите се „пасивни“ по природа, затоа што не се, напротив, носат потенцијал и елан за нови знаења, нови постигнувања и исполнет живот. Ова единствено значи дека системот не им обезбедува доволно можности и поддршка за да бидат активно вклучени во образованието, пазарот на труд или во обуките за нови вештини. Ова значи дека системот е тромав и нефлексибилен за новото време и новите околности кои неминовно се случуваат и во кои сите се наоѓаме, сакале или не. За да се одговори на нивните потреби, неминовно е дека треба да се слушнат и да се послушаат кои се нивните предлози и стратегии кои ги нудат. За поединецот, ваквата состојба на немање волја и слух, може да значи ограничен личен развој, помали можности за економска независност и поголем ризик од сиромаштија. За општеството, тоа носи долгорочни последици: губење на работна сила, намалена конкурентност на економијата, зголемени социјални трошоци и помало учество на млади во граѓанскиот и политичкиот живот“, велат од Хера.

Додаваат дека наместо да зборуваме за „пасивна младина“, треба да зборуваме за недоволно поддржана и исклучена младина, на која ѝ се потребни јасни патеки за вклучување.

„Клучната разлика во однос на европските земји е во достапноста на системски, долгорочни и доброфинансирани програми за млади. Во многу европски земји, младите имаат: гарантиран пристап до квалитетно, современо формално и неформално образование, програми за младинско вработување и поддршка за претприемништво, активни и целосно отворени и инклузивни младински центри со услуги за ментално здравје и сексуално и репродуктивно здравје, опремени јавни простори за  креативност, култура и спорт, формализирани механизми за учество во донесување одлуки. Во Северна Македонија недостига токму оваа  интегрирана поддршка - младинските политики често се ад-хок, недоволно финансирани и безобврзувачки механизми за спроведување. На младите им се потребни сигурни, соодветни на технолошкиот напредок и долгорочни можности за учење, работа, ментално и физичко  здравје, како и реално учество во локалните и националните одлуки, за да останат тука и да придонесат за општеството. Тие се подготвени даостанат  и да бидат дел од сите процеси кои ги засегаат нив самите, а инивните семејства чија благосостојба е неминовна за нивниот иден раст и развој“, додаваат од Хера.

Во 2024 година, 11 oтсто од лицата на возраст од 15 до 29 години во Европската Унија(ЕУ) не биле ниту вработени, ниту вклучени во образование и обука. Според Евростат, пропорцијата на лицата на возраст од 15 до 29 години во ЕУ кои не биле вработени, ниту вклучени во образование и обука во 2024 година се движела од 5 отсто во Холандија до 19 отсто во Романија.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа