05 Декември, 2025
0.0438

Skype ќе воведе 3Д видео врска

Објавено во: Стил 30 Август, 2013 12:00

Добивај вести на Viber

Skype работи на функцијата која овозможува 3Д видео повик, потврдија од компанијата. - Веќе ги испитуваме уредите за снимање и емитување на 3Д слика, кои се нудат на пазарот - изјави во интервјуто за BBC, Марк Џилет, корпоративен потпретседател на Skype. Според него, повеќе луѓе инвестираат во телевизиски монитори со 3Д функции. Тие ќе нудат доста добра 3Д слика која ќе продолжи да се развива и ќе биде потребно да се инсталираат неколку камери на екранот на компјутерот. Освен тоа, тие треба да се многу фино подесени и насочени под посебен агол. Иако се очекува 3Д сликата да биде новиот стандард, неколку телевизиски канали кои експериментираат со емитување на 3Д слика, ги прекинаа проектите. Ако Skype сепак почне да нуди 3Д видео врска, тоа може да даде поттик на пазарот за 3Д уредите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: