„Слабата“ фунта удри врз британските производители-инфлацијата стигна до двегодишен максимум
Објавено во: Економија 16 Август, 2016 17:58
Инфлацијата во Велика Британија во јули на годишна база достигна 0,6%, што е највисоко ниво од ноември 2014 година, информира Националната статистичка служба на Обединетото Кралство.
На овој начин, потрошувачките цени во Велика Британија во јули пораснаа за 0.1% во споредба со јуни. Експертите ja објаснуваат оваа динамика на раст со покачувањето на цените на горивата, алкохолните пијалоци и хотелски соби.
Во исто време британските производители почнуваат да го чувствуваат влијанието на „слабата“ фунта по својот циклус на производство и трговија.
Британската национална валута се намалува поради економската несигурност за плановите на земјата да се повлече од Европската унија.
Денес од пораката на агенција Fitch стана јасно дека одлуката на Велика Британија да се повлече од ЕУ може да има долгорочно негативно влијание на станбениот пазар во земјата, но тешко дека ќе доведе до остри намалувања на цените.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка




