Слабиот долар „лек“ за нафтата
Објавено во: Економија 20 Јуни, 2016 12:14
Цените на нафтата ги зголемија добивките во денешното тргување во Азија на „крилата“ на слабиот долар и страв од излез на Велика Британија од Европската унија.
Американскиот долар падна четврт ден по ред, тргувајќи се на најниско ниво спрема мнозинството главни валути, што го турна растот на побарувачката и ги направи цените на доларот поволни за користење на други валутни единици.
Американската „лесна“ нафта WTI за испорака во јули се опорави за 44 центи (0,92 одсто) и е тргувана на ниво од 48,42 долари за барел.
Меѓународната пазарна референца, северноморската нафта „Брент“ за испораки во август, зајакна за 35 центи (0,71 одсто) на 49,52 долари за барел.
Опоравувањето на цената на оваа сировина доаѓа после острите скокови и падови забележани во изминатите две недели на вознемирениот пазар.
Американската WTI нафта минатата недела падна речиси за 10 одсто во шест дена откако достигна 11-месечен максимум недела дена претходно, додека европскиот „брент“ изгуби девет одсто од вредноста.
„Највлијателен фактор оваа недела може да биде валутниот, посебно имајќи ја предвид неизвесноста во поглед гласањето за Брегзит“, изјавил за Блумберг њуз Мајкл Мекарти, главен стратег во компанијата „CMC Markets“ од Сиднеј.
Пазарите беа во грч поради потенцијален Брегзит за кој ММФ и Банката на Англија предупредија дека би можело да доведе до рецесија која глобално би се раширила, кога анкетите покажале дека кампањата за излез на Британија од ЕУ зема замав.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




