15 Декември, 2025
0.0375

Славчо Попоски најавува многу топло време и екстремно висок УВ индекс

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2022 14:38

Добивај вести на Viber

Метеорологот Славчо Попоски најавува многу топло време и екстремно висок УВ индекс. 

Вели дека во текот на оваа седмица, и тоа под влијание на претежно стабилна и сува воздушна маса, времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на некои места, и тоа особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец.

„Исклучок ќе биде утрешниот ден кога во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен. Позначителен пораст на температурите ќе има веднаш по 15 јули, односно од викендот кој доаѓа кога ќе бидеме под влијание на многу топла воздушна маса од Африка и температурите тогаш ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и до 40 степени. Во Скопје и околината продолжува периодот на стабилно и суво време, со многу повеќе сонце. Сепак и во следните денови ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец“, рече Попоски. 

Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 28 и 30 степени, додека значително потопло ќе биде од викендот кој доаѓа, поточно веднаш по 15 јули кога температурата и во Скопскиот регион ќе надминува 35 степени.

Можеби ќе ве интересира

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија