Слави Трифонов: Оваа трагедија денес е неопислива
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2021
Бугарскиот политичар Слави Трифонов изрази сочувство за автобуската несреќа која се случи на нивна територија, а во која загинаа 46 македонски граѓани.
„Оваа трагедија денес е неопислива. Сите ние сме луѓе – не е важно од која националност или вера сме. Знам дека сите сочувствувате и сочувствувате затоа што сме луѓе. Од двете страни на границата зборот „болка“ звучи и се пишува на ист начин“, напиша лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов на Фејсбук.
Многу лидери од различни земји упатија телеграми со сочувство.