15 Декември, 2025
0.1473

Славјанка Петровска: Требаше да произведуваме дронови, новата власт нема ниту еден свој проект во вооружувањето

Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2025 11:01

Добивај вести на Viber

Пратеничката Славјанка Петрпвска во денешното интервју за РСЕ рече дека не гледа заинтересираност кај новата власт Македонија да произведува дронови.

Како министерка за одбрана во 2023-та година најави дека со компанијата АТС од Самоков ќе се развие првиот македонски дрон за разузнавачки мисии, борбени дејствија, цивилни потреби. 

- Тоа беше најавено и започнавме со некаков вид на формализирање, ајде да кажам, меѓутоа беа распишани изборите, сметавме дека е некоректно во рамки на изборите да користиме и злоупотребуваме некоја приватна компанија.

Идејата беше да Министерството за одбрана со своите капацитети кои ги има, тоа е пред се полигонот Криволак кој би служел како место каде би можеле да бидат тестирани овие дронови, но исто така со експертизата која ја имаме во рамките и на министерството и на Армијата, а дополнително со финансиска поддршка од државата која што таа инвестиција би ја определила како стратешка инвестиција и од стратешко значење, идејата беше да се реализира оваа инвестиција.

Зошто не е таа се уште реализирана, јас од оваа перспектива и после година и нешто не би знаела да одговорам. Меѓутоа, веројатно дали е можеби одлука на инвеститорот или одлука на владата. За жал, во тој дел имаме малку нетранспарентно водење на политиката во Министерството за одбрана каде најчесто известувањата на министерството се во парламентот, се извинувам, се сведуваат само на би рекла протоколарни известувања, рече Петровска како одговор на едно од прашањата на РСЕ.

Поранешната министерка на претходно прашање рече дека тоа што во моментов го набавува владата како мдернизација на армијата се реализација на проекти започнати од претходната власт.

- Во делот на одбраната и јакнење на одбранбените капацитети, имаме многу јасна долгорочна стратегија која е пресликана во долгорочниот план за развој на одбранбените способности и капацитети на државата и тоа е за период од повеќе години и тоа е тоа што ние мора да го исполниме. Не заради тоа што сме членка на НАТО, туку заради јакнење на националните одбранбени капацитети.

Јас во изминатиот период не можев да видам промоција на или потпишување на некој поголем проект во делот на одбраната, зборувам од аспект на набавка, освен промоција на испораката на возилата кои договор беше склучен во времето на Владата на СДСМ. Тоа е со Соединетите Американски Држави, опремата, односно артилерискиот систем потпишан со Република Турција и продолжувањето на спроведувањето на проектот со Република Италија за набавка на повеќенаменските хеликоптери.

Нов проект, а има многу на листата, јас не можев да видам. Како Собрание не сме известени за нешто такво. Особено не можам да видам реализација на еден проект којшто започна со анализа и таа анализа беше завршена во 2023-та на крајот или почетокот на 2024-та, а тоа е за потребата и неопходноста од набавка на исто повеќенаменски дронови.

Така што не можам да видам исход од проектите кои беа завршени, а чекаат само имплементација во делот на реформа на системот за цивилна заштита и управување со кризи. Така што мислам дека во тој дел, а тоа се суштински и дел поврзан исклучиво со одбраната, меѓутоа дел е поврзано со заштитата на граѓаните и на населението, не можам да видам реализација и навистина искрено многу жалам.

Не знам што го спречувало тоа. Имаме убедувања дека буџетот на одбраната на националната одбрана постојано расте на Министерството за одбрана. Јас и минатата година предупредив и оваа година го повторувам истото, а тоа е дека буџетот на Министерството за одбрана не е доволен за да ги имплементира сите преземени обврски кон националната безбедност и особено не е доволен да ги направи поттик на вработените, на онаа што е жива сила, на онаа што е најклучниот дел би рекла од еден систем на одбрана и гарантирање дека ќе имаме одржливост на целиот систем.

Се надевам дека можеби ако во реконструкцијата се направат некои посоодветни промени, дека овој процес којшто во глобала е закачен ќе биде откочен.

Да, имам забелешки на тоа што веќе повеќе од 15 месеци не видовме никаква реална инвестиција во делот на воспоставување, односно градење на капацитети за одбранбената индустрија, без разлика дали тоа би биле приватни инвеститори или соработка на државата со приватни партнери, па дури и држава со држава. Така што мислам дека, за жал, ќе констатирам дека сега останува се само на најави и добро прочитани изјави, вели Петровска.


Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“