Следат 5 години пекол-како ќе ги преживеат?
Објавено во: Економија 14 Март, 2016 12:08
Неодамнешните показатели на стабилизација на пазарите во развој се само затишје пред бура, која во наредните пет години ќе им донесе наплата на долгот од 1600 милијарди долари.
Проблемот на сервисирање на долгор, чија годишна отплата ќе порасне за повеќе од 100 милијарди долари до 2020 во однос на 2015 година, е резултат на огромното задолжување во период после финансиската криза од 2008 година, пренесе Ројтерс.
Во годините после кризата, владите на афричките држави, турските банки и земјите во развој се задолжувале на пазарите на обврзници, охрабрени од нултата каматна стапка во САД.
Сега, меѓутоа, дојде моментот за наплата на тој долг, наведува Ројтерс.
Во период од 2016 до 2020 година, на пазарите во развој ќе им дојде наплата од скоро 1600 милијарди долари, од кои три четвртини го сочинуваат корпоративниот долг, според податоците на ICBC Standard bank
Според податоците на швајцарската банка УБС, бруто потребите на Турција за рефининасирање на долгот се најголеми меѓу државите во развој во однос на нивото на девизни резерви, додека веднаш зад Турција следат Унгарија, Индонезија, Јужноафричките Држави и Русија.
Една од последиците на задолжувањето е таа дека компаниите од земјите во развој се повеќе користат средства собрани на пазарите на обврзници за отплата на доспаните долгови, предупреди неодамна ММФ.
Фонот додаде дека делот на така насобраните средства пораснал во вкупното задолжување на компаниите на скоро 30 одсто во 2014 години со помалку од пет одсто од 2005 година.
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




