26 Мај, 2024
0.0342

Следи бумеранг: нафташите ќе се дават во проблеми?

Објавено во: Економија 24 Август, 2016

Добивај вести на Viber

ОПЕК и поедини произведувачи надвор од таа група можеби ќе се договорат за замрзнување на производството на неформални разговори следниот месец.

Но тоа би можело да има бумеранг ефект бидејќи ќе им донесе корист на другите произведувачи, проценува инвестицоната банка „Goldman Saks“.

Договорот би пратил сигнал дека новиот саудиски министер за енергетика е спремен на соработка после шест неуспешни обиди, но замрзнувањето на производството веројатно ќе се покаже контрапродуктивно доколку доведе до понатамошен раст на цените и зголемување на понудата на други произведувачи, се наведува во извештајот на аналитичарите на оваа банка, пренесе Блумберг.

Цените на нафтата зајакнаа за преку 20 отсто откако се појавија шпекулации дека преговорите во септември би можеле да доведат до стабилизација на пазарот.

„Саудиска Арабија и Иран продолжуваат да се фокусираат на пазарниот дел и изгледа дека не се волни едноставно да прифатат замрзнување“, наведува „Goldman Saks“ во извештајот и додава дека понудата ќе остане клучен покренувач на цената во наредните недели, како и дека нема показатели дека растот на побарувачката слабее.

„Goldman Saks“ ја задржа проекцијата на цената на нафта од 45 до 50 долари за барел до наредното лето, и подвлече дека цените и фундаменталното опоравување и понатаму се слаби.

Во Лондон северноморската нафта „брент“ за испораки во октомври синоќа е тргувана по цена пониска за 1,72 долари во однос на петок, на ниво од 49,16 долари за барел.

Во Њујорк , американската „лесна“ нафта WTI за септемвриски испораки ослабнала за 1,47 долари на 47,05 долари за барел.

Можеби ќе ве интересира

ПОСЛЕ ДЕВЕТ ГОДИНИ ГО МЕНУВААТ ДИРЕКТОРОТ - Бенедикт Шилдбред застанува на чело на „Теленор“

ПОСЛЕ ДЕВЕТ ГОДИНИ ГО МЕНУВААТ ДИРЕКТОРОТ - Бенедикт Шилдбред застанува на чело на „Теленор“

ЕУ КАЗНИ АМЕРИКАНСКИ ГИГАНТ СО РЕКОРДНИ 337,5 МИЛИОНИ ЕВРА - вештачки ги држел високи цените на популарната чоколада на штета на потрошувачите

ЕУ КАЗНИ АМЕРИКАНСКИ ГИГАНТ СО РЕКОРДНИ 337,5 МИЛИОНИ ЕВРА - вештачки ги држел високи цените на популарната чоколада на штета на потрошувачите

РАБОТНИЦИТЕ НА ОВАА ГЕРМАНСКА ФИРМА ДОБИВААТ ГОЛЕМ БОНУС - компанијата им дава над 40 илјади евра

РАБОТНИЦИТЕ НА ОВАА ГЕРМАНСКА ФИРМА ДОБИВААТ ГОЛЕМ БОНУС - компанијата им дава над 40 илјади евра

СТАНА КРАЛ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ - познат српски трубач гради 17 луксузни вили на Златибор, еве кога ќе бидат вселиви

СТАНА КРАЛ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ - познат српски трубач гради 17 луксузни вили на Златибор, еве кога ќе бидат вселиви

ВО СВЕТОТ: ДОАЃА НОВ БРАН НА СНИЖУВАЊА - голема компанија објави намалување на цените на над 4.000 производи. А кај нас кога?

ВО СВЕТОТ: ДОАЃА НОВ БРАН НА СНИЖУВАЊА - голема компанија објави намалување на цените на над 4.000 производи. А кај нас кога?

ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА ПРОЕКТ „ТУРБО РАБОТА“ - еве што тој ќе значи

ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА ПРОЕКТ „ТУРБО РАБОТА“ - еве што тој ќе значи

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

ЕВЕ КАКО СЕ ДВИЖИ ЦЕНАТА НА ЦРНОТО ЗЛАТО: Имаше ли значителни промени?

ЕВЕ КАКО СЕ ДВИЖИ ЦЕНАТА НА ЦРНОТО ЗЛАТО: Имаше ли значителни промени?

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател