18 Мај, 2024
0.0278

СЛОБОДНИ ЗОНИ: Вистинска преродба, или економски спин на деценијата?

Објавено во: Економија 06 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Четири нови инвестиции и три илјади вработувања во Тетово, нова фаброжика за автомобилски гуми во општина Новаци, турска инвестиција од 12 милиони евра во Прилеп, потпишан договор со италијанската компанија “Диатек“ за инвестиција вредна 10 милиони евра. Само за неколку денови, односно од крајот на март до сега владата најави и објави серија на нови инвестициски одлуки на странски компании кои се подготвени да вложат во Македонија. Новите инвестиции, според Владата, по правило треба да значат и нови работни места, а со тоа и подобар стандард за граѓаните. Во големата економска слика, секое вложување треба да влијае и позитивно врз вкупната економија. Според податоците од Дирекцијата за Слободни економски зони, во првите три месеци од годинава извозот се зголемил за 27,7%. “Сите компании кои веќе се функционални активно работат, зголемен е бројот на нарачките кои тие ги имаат од нивните партнери во Европа и нормално со започнување со работа на другите компании во зоните се надеваме дека тој број ќе расте“ оцени Виктор Мизо, директор на ДТИРЗ. Заводот за статистика сеуште не ги објавил новите податоци за надворешната трговија, па оттука и нема податок за колку проценти се зголемил или намалил и увозот. Според дел од домашната експертска јавност, странските инвестиции и нивните ефекти треба да се анализираат преку одговор на неколку прашања: како расте, не само извозот, туку и увозот наменет точно за фабриките од Слободните економски зони и оние кои уживаат бенефиции од државата, зошто платниот биланс на НБРМ покажува одлив на доходот, вклучувајќи ги и заработките и дивидендите на странските компании и колку државата до сега вложи за да ги привлече странските инвеститори. Расте извозот, ама расте и увозот... Ако преку бројки се сумира 2014 та година, тогаш податоците за вкупната трговија покажуваат дека лани извозот се зголемил за 15,6% додека увозот пораснал со стапка од 10,3%. Покриеноста на увозот со извоз, во анализираниот период изнесувала 67,8%. Претворено во апсолутни бројки, лани Македонија извезла стоки и услуги во вредност од 4,9 милијарди евра, а увезла вредност од 7,2 милијарди евра. Според одредени информации од страна на владини претставници, лани странските компании реализирале повеќе од една милијарда извоз од Македонија. Економистите велат дека овие податоци се очекувани, со оглед на тоа што странските фирми имаа обврска речиси целото своето производство да го пласираат на странски пазари, но во исто време посочуваат и дека истите тие компании реализираат и увоз на материјали и машини потребни за работа. “Точно е дека извозот на Македонија е во пораст, но речиси со приближна динамика расте и увозот. Имено ние сеуште имаме состојба во која на речси си два увезени долари, имеме еден долар извоз. Ова значи дека дефицитот на трговската сметка или бавно или воопшто не се намалува. Точно е дека извозот од Слободните зони расте, тие впрочем се извозно ориентирани и обврзани, но никој не кажува колку тие фирми реализирале увоз за да се видат вистинските ефекти од нивното работење. Ако се анализираат увозните ставки, ќе се воочи голем пораст кај увозот на платина и на катализатори со платина, на пример, кои се потребни за работа на дел од странските фирми, а тоа се многу скапи елементи, материјали.“, вели универзитетскиот прфесор и еден од поранешните министри за финансии Никола Поповски. Одлив на профитите Второ прашање околку ефектите од странските инвестиции се поврзува со добивките, односно профитите на овие компании. Според податоците за платниот биланс од Народната Банка, лани преку ставката “Примерен доход“ биле одлеани 224,8 милиони евра. Оваа ставка го опфаќа, меѓудругото, доходот од инвестиции во кој е вклучена капиталната добивка од директните инвестиции, дивидендите, распределената добивка и нереспределената добивка и друго. “Ако се погледнат податоците од НБРМ ќе се забележи дека лани имало, според мене голем одлив на доход, тоа се практично заработките, профитите и дивидендите на странските фирми, што покажува дека тие ги изнесуваат парите надвор, а многу мал дел го реинвестираат, што пак на крајот се одразува негативно врз вкупниот биланс на земјава.“, смета професорот Поповски. Вработувањата платени од Буџетот Во обид да привлече странски инвестиции, Владата не само што понуди царински и даночни ослободувања, туку со дел од фирмите склучи и договори за директна државна помош, преку субвенционирање на давачките за платите на вработените. Истражувањето со наслов “Квалитетот на вработувањата во ТИРЗ“, што го спроведоа  Диана Близнаковска и Александар Колекески, покажува дека и покрај сите бенефиции, работниците во овие фабрики имаат ниски плати и се без заштитени работнички права. “Евтината работна сила е адутот на Владата за привлекувањето на странски директни инвестиции. Самата Влада ја промовира нашата земја како земја со евтина и квалификувана работна сила која зборува странски јазици. Ниската минимална плата утврдена со македонските закони е придобивка плус за странските инвеститори, но ограничувачки фактор за македонските работници. Македонија заедно со Албанија Бугарија, Црна гора и Србија имаат утврдено најниска минимална плата во Европа.“, се наведува во истражувањето и се додава: “Можеме да заклучиме дека македонските работници во компаниите во технолошко индустриските зони, работат за минимална плата со работнички права кои се под минимумот кој го гарантираат законите во Македонија, со што не се исполнува димензијата на квалитет на вработувањата.“ Зона „ХХХХ“ Колку точно пари до сега од Буџетот се слеале на сметките на странските инвестиции само за отворање на слободни работни места, не е познато. Овие суми за државна помош, во договорите меѓу Македонија и странските компании се означени со “ХХХХ“. Според досега располжливите информации, лани во фабриките на странските инвеститори биле вработени околу 11 илјади луѓе. Според проценките на владата од досега најавените инвестиции во зоните низ државата во финалната фаза треба да се вработат 12,5 илјади лица. Најновата најава, посочена од премиерот Никола Груевски, е за полошкиот регион во кој треба да се отворат четири нови капацитети со околу три илјади вработувања. “Компанија од Италија која е специјализирана за производство на минибуси не има известено дека  донела одлука за инвестиција од 10 милиони евра во капацитет во Тетово и отворање 500 нови работни места. Според најавата, некаде до јуни-јули планираат  потпишување договорот и почеток на реализација. И ова е уште една добра вест, рече премиерот додавајќи дека белгиската компанија ина донесено интерна одлука за инвестиција од пет милиони евра и отворање на околу 100 работни места. Се очекува официјална објава од нивна страна и потпишување договор за инвестиција во јуни или јули годинава.“, изјави Груевски. До средината на јуни, според премиерот, нови две илјади вработувања ќе се реализираат и во фабриките на “Амфенол“ во Кочани. До истиот период треба да се отвори фабриката на Текникал Текстајл во Штип со 600 работни места. Џонсон Контролс во капацитетот во Штип најави 200 нови работни места, а за толкав број ќе ги зголеми вработувањата и холандската Антура. Ланската, 2014 та година заврши со салдо на странски инвестиции од 262 милиони евра а според економистите, и покрај сите напори за влез на странски инвестори,  уделот изнесува  3,5% од БДП, што ја прави Македонија една од “најслабите“ земји во ЕУ и регионот според инвестициската позиција. А.А.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа