Словачка испраќа свои полицајци да ја чуваат унгарско-српската граница
Објавено во: Балкан 14 Октомври, 2015 16:35
Словачкиот парламент гласаше да испрати во Унгарија 50 полицајци, кои ќе им помогнат на своите колеги во борбата со бегалскиот поток. Тие ќе работат во текот на цел месец на унгарско-српската граница.
„Ако Чешка, Полска, Словачка и Унгарија ги обединат силите, тоа значително ќе ја подобри заштитата на шенгенската граница помеѓу Унгарија и Србија", изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.
Пред неколку дена Чешка исто така го одобри испраќањето на до 25 војници во Унгарија. Тие ќе пристигнат во земјата со седум камиони и десет теренски кујни и ќе останат таму два месеци, објави електронското издание „Prague Post“.
Прага ги заостри безбедносните мерки и на границата со Австрија, бидејќи се плаши дека ако јужниот сосед одбие да прими повеќе мигранти, тие ќе го продолжат патот за Германија преку чешка територија.
Вкупно 650 војници се распоредени во близина на границата со Австрија од петок наваму, бројот на полицајците во регионот е зголемен од 200 на 720.
Будимпешта, Прага и Братислава гласаа против планот за задолжително преместување на 120 000 бегалци, кој ЕК и ги предложи на европските лидери во септември.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




