17 Декември, 2025
0.0411

Словенија и Љубљанска банка мора да ја вратат старата девизна заштеда

Објавено во: Балкан 16 Јули, 2014 20:29

Добивај вести на Viber

Големиот совет на Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска едногласно ја потврди првостепената пресуда од 2012 година, со која Словенија и Љубљанска банка се прогласени за одговорни за враќање на старите девизни заштеди на двајца штедачи на некогашната Љубљанска банка во Сараево. Во второстепената постапка одбиена е словенечката жалба и дефинитивно е пресудено дека Словенија го кршела правото на штедачите од БиХ на заштита на нивниот имот и правото на правен приговор. На Словенија и е наложено во рок од најмногу една година да пронајде системско решение за исплата на нивните заштеди. Пресудата е конечна, а се однесува и на сите останати штедачи на Љубљанска банка од подрачјето на некогашната СФРЈ кои се во иста правна положба како подносителите на тужбата од БиХ. Во Словенија уште нема реакции на пресудата која се очекува да има значителни последици врз државниот буџет, бидејќи се работи за големи финансиски суми. Станува збор за отвореното прашање на старите девизни заштеди, кое Словенија досега го сметаше за сукцесиско прашање на поранешната СФРЈ. Сега веќе правосилната пресуда по тужбата на Емина Алишиќ и Азиз Саџак против Словенија, кои тужеа затоа што не можат да дојдат до своите заштеди и затоа што им се нарушува правото на непречено уживање во сопствениот имот споре Европската конвенција за човекови права, значи дека Словенија мора да им исплати и по 4.000 евра за нематеријална штета. Во Љубљана за ова ќе мора да биде донесен и посебен закон, со оглед на тоа  дека старата Љубљанска банка, која ги издавала книшките како потврда за девизната заштеда, нема свој имот, бидејќи тој со уставниот закон од 1994 година во целост е префрлен на Нова Љубљанска банка. Според одредени проценки, Љубљанска банка само на штедачите од БиХ им должи нешто помалку од 250 милиони некогашни германски марки (околу 127 милиони евра) без камати, иако банката признава побарувања само од околу 90 милиони евра. Пред Судот во Стразбур се поднесени нешто повеќе од 1.650 слични тужби.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни