05 Мај, 2024
0.0248

Словенија подготвена за почеток на кошаркарскиот евро-шампионат

Објавено во: Стил 03 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Словенија од утре до 22 септември ќе биде домаќин на Европското првенство во кошарка на кое ќе учествува и репрезентацијата на Македонија.

Македонците ќе се обидат да го подобрат или повторат успехот од претходниот континентален собир кој се одржа во Литванија кога го освоија четвртото место.

Бранител на шампионскиот трофеј е Шпанија која важи за прв фаворит на овој шампионат.

Меѓу фаворитите за највисок пласман светските обложувалници ги сместија и Франција, Литванија, Грција, додека нешто помали шанси се даваат на Турција, Русија, Србија и домаќинот Словенија. Македонската репрезентација заедно со хрватскиот и италијанскиот состав се вбројува во селекциите кои можат да направат изненадување.

Двојки за утрешното 1.коло во четирите групи:

А група (Љубљана): 14:30 часот: Израел - Велика Британија 17:45 часот: Белгија - Украина 21:00 часот: Франција - Германија

Б група (Јесенице) 14:30 часот: Летонија - БиХ 17:45 часот: Македонија - Црна Гора 21:00 часот: Србија - Литванија

Ц група (Цеље) 14:30 часот: Грузија - Полска 17:45 часот: Шпанија - Хрватска 21:00 часот: Чешка - Словенија

Д група (Копер) 14:30 часот: Турција - Финска 17:45 часот: Шведска - Грција 21:00 часот: Русија - Италија.

Трите првопласирани репрезентации по одигрувањето на петте кола од секоја група ќе обезбедат пласман во осминафиналето.