17 Декември, 2025
0.0478

Словенија: За обесштетување на старите девизни штедачи ќе бидат потребни седум години

Објавено во: Балкан 17 Јули, 2014 14:41

Добивај вести на Viber

Старите девизни штедачи на Љубљанска банка сепак ќе мора да чекаат повеќе години за дојдат до своите заштеди, а реалниот рок да бидат целосно исплатени изнесува од шест до седум години, наведуваат словенечките медиуми. Европскиот суд за човекови права во Стразбур вчера донесе пресуда дека Словенија е одговорна за враќање на заштедите на штедачите во некогашната Љубљанска банка и оти ова не може да се гледа како сукцесиско прашање на поранешната СФРЈ. Словенија во таканаречениот сукцесиски фонд создаден како резерва за вакви побарувања има само 80 милиони евра, додека главницата на долговите на Љубљанска банка во Хрватска и Босна и Херцеговина изнесува три пати повеќе. Со камата тој износ би можел да достигне и 500 милиони евра, па пресудата ќе значи голем финансиски удар врз Словенија, пишува порталот Сеебиз. Според пресудата од Стразбур, Словенија сега мора да подготви механизам за исплата на штедачите надвор од Словенија, на ист начин на кој во 90-тите години ги исплати словенечките девизни штедачи и тој план да го претстави пред Секретаријатот на Советот на Европа, кој ќе го надгледува извршувањето на пресудата. Оваа постапка ќе трае најмалку една година. Потоа би требало да се усвои закон за исплата на старите девизни штедачи во словенечкиот Парламент. Ако притоа се применат истите правила како за исплата како во случајот на словенечките штедачи, тоа значи дека најпрвин ќе бидат исплаени оние со заштеди до 500 евра, а потоа на рати во следните пет години ќе се исплаќаат оние со поголеми побарувања.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни