19 Април, 2024
0.0517

Слушај сеа ваму!

Објавено во: Стил 27 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Ние сме народ кој се разбира од сѐ. Ама баш од сѐ, почнувајќи од политика (како најисцрпна тема во секојдневниот муабет со партнер/ка, колеги и колешки, родители и деца) па сѐ до осврт кон оние побезначајните, а сепак важни за да се дели ум. А кога сме веќе кај умот, ми се чини дека ако се воведе категорија во Гинис за себепреценување, сигурно никој нема да нѐ победи, освен ако бројот на нашите иселеници во некоја земја не го надмине бројот на тамошните жители. Ние сме народ кој сака за себе да мисли дека е Итар Пејо и како сите сме ги за***ле со нашите итроштини. Први за да смислиме некоја финта (читајте глупост) за да бидеме главни фраери во друштвото. Чаламење во секој поглед. Ние сме народ кој последните пари ќе ги даде да плати на музиката за да ја испее „онаа мојата“, колку да пукнат душманите мислејќи оти најновиот бизнис ни оди подмачкано. А обично душманите баш ги заболе лев глужд и за нас и за нашиот бизнис. И згора на сѐ, народ сме кој за сѐ во животот се вади со тоа дека „сите ме мразат“, како студент кој никогаш не ги научува лекциите до крај и паѓа на испит, ама мора некако да се извади оти на домашните им е веќе дојдено преку глава.

Целата колумна на Ана Бунтеска читајте ја на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган