Смартфоните се продаваат повеќе од класичните мобилни
Објавено во: Економија 05 Јуни, 2013 09:54
За прв пат оваа година продажбата на смартфони ќе ја надмине продажбата на класични мобилни телефони и тоа се должи на „апетитот“ на економиите со брз развој на тој пазар.
Според американската истражувачка компанија Инртернешнл Дата Корпорејшн (Ај-Ди-Си), смартфоните ќе имаат удел од 52,2 отсто на пазарот во светот и ќе достигнат бројка од 958,8 милиони продадени апарати. Тоа според компанијата значи пораст од 32,7 проценти.
Продажбата на смартфоните е поголема од таа на класичните мобилни телефони уште од почетокот на годината, додава компанијата.
- 2013 година ќе биде повратна за смартфоните, очекуваме јазот меѓу нив и обичните мобилни телефони да се зголеми, изјави експерт на Ај-Ди-Си.
Побарувачката на смартфони, поврзани со Интернет се зголемува во земјите со забрзан развој, каде тие се поевтино средство за пристап до некои од функциите на компјутерот.
Оваа тенденција е мошне позитивна за производителите, како кинеските ЗТЕ и Хуавеи, кои нудат пониски цени од тие на гигантските Самсунг и Епл.
Можеби ќе ве интересира
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




