Смеат ли трудниците да се вакцинираат против коронавирусот?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 30 Јануари, 2021
Бремените жени може да се вакцинираат против Ковид-19, потврдија од Светската здравствена организација.
Експертите покажаа незадоволство од првичната позиција на организацијата дека тие не треба да ја примат вакцината. Бремените жени традиционално се исклучуваат од какви било клинички испитувања, и вакцини и лекови. Но, тие се вакцинираат слободно од 60-тите години на минатиот век. Фајзер соопшти дека ќе спроведе дополнително клиничко испитување на својата вакцина врз бремени жени. Модерна планира да направи регистар на имунизирани идни мајки во кој ќе следи евентуални несакани ефекти.
Богатите земји мораат да ги избегнуваат грешките што ги направија порано со акумулирање залихи на лекови и вакцини, предупреди директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус.
Во светот веќе се реализира вакцинацијата, а предност имаат повозрасните. Инкау, во Македонија од коронавирусот починаа неколку трудници.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.