20 Декември, 2025
0.0329

СМЕЛОСТА НА НАДЕЖТА: ЕДНА НОВА, ПОАМБИЦИОЗНА МАКЕДОНИЈА

Објавено во: Колумни 08 Јули, 2025 07:58

Добивај вести на Viber

Може ли македонската економија да порасне 5 отсто во следните 3 години и 8 до 2030?

Во време на економски турбуленции, политички неизвесности и глобални предизвици, надежта за раст на македонската економија од 5 отсто во наредните три години, и амбициозните 8 отсто до 2030, делува како акт на храброст. Но, токму смелоста – разумно водена, економски оправдана и стратешки насочена – може да биде двигателот што ќе ја трансформира оваа надеж во реалност.

Зошто 5отсто изгледа како „чудо“?

Македонската економија во последната деценија бележеше просечен раст од едвај 2-3 отсто. Инфлацијата, нестабилноста во енергетскиот сектор, политичките блокади и бирократијата го забавуваа секој можен залет. Во таков контекст, проекција за раст од 5 отсто изгледа не само амбициозно, туку и фантастично. Но, јас би рекол, не и невозможно.

Во момент кога регионот во 2025‑табележипросеченрастод 3 отсто, ацелзападенБалкан 3,2 отсто споредСветскабанказа 2025, Македонија може да си постави цел од 5 отсто за три години, стигнувајќидо 8 отсто до 2030. Оваенесамоамбициознавизија, тукуирационаленпланзаснованнаконкретнимакроекономскипараметриипроектикоивеќесеворазвој.

Но, што велат бројките? ММФ предвидува раст од само 3,3 отсто во 2025 година, поддржан од јавна потрошувачка и инфраструктурни проекти, со притисок од слабата надворешна побарувачка. Светска банка ја оценува економијата со 2,6 отсто раст во 2025, 2,7 отсто во 2026 и 2,8 отсто во 2027 година. Европската комисија прогнозира 2,9 отсто раст во 2026 и постепено забрзување со тековни зелени и инфраструктурни инвестиции. Овие бројки го одразуваат статус кво сценариото – но ако се активираат силните двигатели, 5 отсто раст е реален. Примерите од регионот и светот покажуваат дека земји со сличен старт можат да го удвојат растот, доколку се спроведат клучни реформи, како што се: дигитализација, транспарентна администрација, продуктивни инвестиции и стабилен правен систем. Клучот лежи во довербата - на граѓаните, на бизнисот и на странските инвеститори.

Каде лежи потенцијалот?

Енергетска транзиција и зелена економија – Македонија има шанса да биде регионален лидер во обновливи извори, ако храбро се инвестира во соларни и ветерни проекти, како и во модернизација на електродистрибутивната мрежа.

Дигитална трансформација – наместо да бидеме пасивни корисници на туѓи технологии, мораме да поттикнеме домашна ИКТ индустрија и стартап екосистем што ќе извезува иновации.

Агроиндустрија и експортна ориентација – со преработка на земјоделските производи и отворање кон нови пазари, може да се постигне значаен девизен прилив.

Човечки капитал и дијаспора – да се вратат луѓето не само физички, туку и интелектуално. Вклучување на дијаспората во инвестиции, менторство и know-how е можеби најнеискористениот ресурс. Предлог: „ТИРЗ за дијаспора“.

Тука, се поставува следново прашање: Што го попречува растот?

Постојат бариери што мора да се адресираат без одлагање: корупција и правна несигурност, слаба инфраструктура, демографски пад и одлив на млади и нестабилна политичка сцена и регионални тензии. Затоа, нам ни е потребна решителност. Имено, без таква смела решителност да се справиме со овие предизвици, секој раст ќе биде кревок и краткотраен.

Зошто сепак треба да веруваме?

Вербата во економскиот напредок не е слепа надеж – таа се темели на потенцијалот што постои, на можноста за структурни реформи и на потребата од национален консензус околу економијата. Секој процент на раст е повеќе од статистика – тоа се нови работни места, повисоки плати, подобро здравство, образовани институции и посигурна иднина.

Смелоста како стратегија, а не како утопија

Вака може да се постави прашањето: Зошто целта е разумна, а не утописка? Гледано историски, македонскиот БДП растеше заради приватната потрошувачка и извозот. Тука нема дилема. Фондовите, со планот за раст на ЕУ, од 6 милијарди евра, во период од 10 години се шанса за нас (според Инвестицискиот План за Западен Балкан на Европската Комисија од 2023). Дополнително, тука морам да ги споменам и билатералните задолжувања, но само ако се насочат кон капитални проекти кои носат долгорочен поврат – од централно до локално ниво. Тоа е така, со цел да се зголеми даночниот опфат во буџетот, како сила за поврат на камата по основ на тие заеми. Инаку, реалноста е дека минатата 2024 година, растот веќе беше 2,8 отсто, благодарение на инвестициите и јавната потрошувачка. Во оваа година, прогноза на Европската комисија за Македонија е дека растот на македонскиот БДП постепено ќе забрза, поддржан од големите проекти за јавната инфраструктура и од потрошувачката на домаќинствата, која има корист од силниот раст на платите и намалувањето на инфлацијата. За ваквата стратегија за раст, јас ќе си земам за право да обележам дозволен популизам - ама стратешки: прво, треба да изградиме енергетска независна Македонија, би рекол звучно, но и реално; второ,  да го вратиме човекот кај нас, дома, преку враќање на дијаспората со инвестициски фонд за стартапи и т.н. зона за дијаспора во ТИРЗ; и трето, да го победиме сивилото и корупцијата“ – ова е едноставно, основно барање и од ЕУ и од нашиот народ. Како? Со дигитализација и менување на самите себе како единки во системот.  

Често знам да кажам: Смелата визија не значи неоснована амбиција. Тоа е повик за мобилизација на сите чинители: државата, приватниот сектор, академијата, граѓанското општество и меѓународните партнери. За да имаме 8 отсто раст до 2030 година, треба да започнеме денес со конкретни, мерливи чекори.

Ако не веруваме дека можеме – нема ни да се обидеме. Но, ако веруваме и делуваме, не само што ќе се приближиме до овие цели, туку ќе изградиме нова економска архитектура за иднината, основа за една нова, поамбициозна Македонија. Смелоста не е одлука за утре, тоа е чекор денес. Да не дозволиме стравот од грешка да не спречи да го искористиме својот момент.

проф. д-р Синиша Наумоски,

Пишува:

проф. д-р Синиша Наумоски,

Хајделберг Факултет во Скопје и АБИТ

Можеби ќе ве интересира

Што ќе и испорачаат Европа, Украина и САД на Русија?

Што ќе и испорачаат Европа, Украина и САД на Русија?

Пари, моќ и одговорност - Mакедонската приказна за фискална децентрализација

Пари, моќ и одговорност - Mакедонската приказна за фискална децентрализација