Сметки за парно: Како БЕГ ја мери количината на топлина?
Објавено во: Економија 27 Февруари, 2016 08:21
Основниот начин на мамење се калориметрите, сметаат граѓаните[/caption]
Тие реагираат на начинот на „ мерење со калориметри “ за кој велат не е точен, а чие користење Регулаторната комисија за енергетика го одобрила на крајот од март 2009-тата година. Овој неточен начин на мерење според нив е основна причина за „астрономските и изненадувачки сметки“ за парно.
“Има неколку начини за неточниот начин на мерење, наречен мерење со калориметри и тоа преку наплатата на ангажирана моќност, потоа поделба на системот наречена либерализација и применa на двојно повисоки цени над училиштата, градинките, факултетите и другите јавни установи. Основниот начин на мамење се калориметрите. Секое мерење подразбира постоење на грешки во мерењето. Калориметрите истовремено вршат три мерења. Едно мерење на проток и две мерења на температура. Кај скопска Топлификација калориметрите се поставени на влезот од подстаниците. За системот кој се користи во Скопје е карактеристично дека свежата вода која влегува во подстаницата се меша со повратната вода и таа мешавина циркулира низ радијаторите. Значи вака поставените калориметри воопшто не ја мерат количината на вода која циркулира ни радијаторите туку само количината на вода која доаѓа до подстаницата. Истиот калориметар, кога би се поставил на друго место, на пример после мешачкиот вентил, би покажал сосема други резултати. Логично прашање е зошто не ги преместат калориметрите така да покажат точна вредност. Одговорот е едноставен, затоа што вака поставените калориметри покажуваат многу поголема количина на потрошена топлина”-објаснуваат граѓаните.
Вака поставените калориметри велат покажуваат многу поголема потрошувачка за поголема наплата. Оттука доаѓаат и високите сметки за топлинска енергија кои за многумина станале неисплатени и наталожени долгови за услуга која не ја користат, а мораат да ја плаќаат. Граѓаните се лути бидејќи агонијата не прекинува, па наместо за покривање на тековните трошоци за комуналии и на месечните трошоци за домаќинство, тие плаќаат извршители и заостанати долгови иако се исклучени од системот. Здружението поднесе и барање за иницијатива за измени на Законот за енергетика. На 12 март следниот месец ќе се одржи 52 -от протест на кој ќе се одбележи една година од протестите кои секоја сабота станаа препознатлив израз на незадоволство во центарот на Скопје.
Институциите досега не се одважија и сеуште не одвоија време да ги чујат маките на околу 20 000 домаќинства кои се соочуваат со истиот проблем. Разочараните граѓани велат дека институциите на нив ќе се сетат пред изборите, но се прашуваат како ќе им го објаснат досегашниот игнорантски однос кој со години ги прави “слепи” пред неправдата која им е нанесена на илјадници семејства. Првите тужби до надлежните судови на исклучените граѓани од системот за парно им биле одбиени, па правна разрешница не очекуваат во домашните, туку пред меѓународните судови.
С.Б.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




