Смртни закани за кипарскиот државен врв!
Објавено во: Свет 05 Април, 2013 19:10
Смртни закани денеска стигнаа на адресите на претседателот на Кипар Никос Анастасијадес и гувернерот на Централната банка Паникос Димитријадес поради одлуката да го спроведат наметнатото оданочување на депозитите, поголеми од сто илјади евра во двете најголеми кипарски банки.
„Групата за спас на депозитите“, која се заколна дека за тоа ќе се залага до смрт е потпишана на писмото со закана.
„Ве предупредуваме дека не блефираме. Ќе почнеме со вашите внуци, потоа ќе преминеме на вашите деца, а за крај ќе ве оставиме вас, за да ве боли, толку колку што не боли нас“, стои во заканата.
Анонимните претставници на групата наведуваат дека „не припаѓаат на ниту една партија, ниту организација“, но се колнат дека Анастасијадес и Димитријадес ќе умрат.
Весникот „Политис“ наведува дека од летокот, кој и е предаден на полицијата, јасно се гледа дека неговите автори „се подготвени на злосторство и дека дури имаат луѓе за негово извршување“.
Групата нагласила и дека има „професионалци, чии услуги добро се плаќаат, кои не се плашат од ништо и кои ги интересираат само пари“.
„Нашата група е активна на цел Кипар и ќе ги казнува оние кои не доведоа до сегашната состојба“, се наведува во летокот.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




