23 Ноември, 2024
0.0548

СН Осигурителен брокер АД Битола останува синоним за доверба, висок квалитет на услугите, чесен однос кон осигурениците и концепт на современа програма за осигурување

Објавено во: Интервјуа 20 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Како никогаш порано осигурувањето се јавува како фактор кој го поедноставува живеењето.Пандемијата покажа колку е светот кревок. И колку е животот важен. Осигурувањето во вакви ситуации го намалува ризикот, велат за Фактор извршните директори на СН осигурителен брокер АД Битола. Во разговорот со Христо Кондовски и Зоран Пејчиновски тие ги потенцираат клучните планови за оваа година и постигнатите резултати и спроведените проекти во 2020 година. Компанијата воведе нови продукти за исклучително поволни цени - впрочем СН Осигурителен брокер е компанија која е позната по динамични промени во работењето. 

 - Да се биде секогаш поинаков, сам по себеси не е цел. Низ промените во духот на новото време константно пронаоѓаме нови начини работата да се изврши што подобро и поквалитетно. Само ако сте побрзи, подобри и покреативни денес, ќе се извоите од морето понуди.

Нашата комапнија е во континуиран процес на развој. Во исто време имаме исклучителна понуда на услуги кои и реномирани осигурителни брокерски компании во европски рамки ги нудат. Така што она што го нудиме е глобално земено, тренд. Имаме стабилност, потврдена и во условите на кризата која го зафати светот, работиме со сериозни комапнии и имаме навистина одлична понуда.

По Ваше мислење, каква е моменталната состојба на македонскиот пазар на осигурување и што е она што недостига?

  -Развојот на осигурувањето во Македонија, квалитетот и професионалноста на осигурителните куќи е на многу високо ниво. Голем напредок е постигнат со влез на големи странски компании во овој бизнис на нашиот пазар, кои донесоа "know-how" и правила на однесување, кои брзо се наметнаа како стандард во работењето, а се со цел да се зголеми транспарентноста и квалитетот на услугите кон клиентите. Можеби недостига подинамичен развој на економијата, која сега дополнително е забавена со последиците на епидемијата, што директно делува и на животниот стандард, но најважно од сé е свеста за значењето на осигурувањето кај граѓаните. Едукцијата на граѓаните е од суштинска важност за работа на секоја осигурителна куќа, а ние на тоа поле многу работиме.


Колку филијали имате низ Македонија и колку вработени?

 - Имаме 36 филијали и 118 вработени. Нашата цел не е само клиентите да не препознаваат по филијалите, рекламите и понудите, туку по професионалноста, стручноста, љубезноста и стабилноста која не одликува.

Континуирано инвестираме во обуки на вработените. Можеби ќе звучи како клише, но вистински веруваме во тоа дека човечкиот фактор е клучен фактор за успехот на една компанија. Мисијата на СН Осигурителен брокер е да бидеме стабилен и доверлив партнер како за нашите клиенти, така и за нашиот тим. Нудиме професионален развој на различни нивоа. Очекувањата на вработените се големи и затоа секогаш ги "поместуваме границите", но исто така многу вложуваме во нивното знаење и на стручно и на ниво на менаџирање. Поддржуваме и академски инстутуции кои подготвуваат кадри за нашите потреби. На тој начин имаме шанса да ги избираме и најдобрите студенти пред да дипломираат и да ги мотивираме да аплицираат за работа кај нас. Применуваме корпоративна култура на навистина високи стандарди на групацијата.

СН Осигурителен брокер е комапнија посебно фокусирана на потребите на клиентите. Епидемијата која го зафати светот, веднаш селектираше и комапнии кои направија сé, да го подобрат сервисот за клиентите. Една од таквите комапнии сте и Вие.

- Развивме брзо апликации кои на нашите вработени им овозможија клиентите да ги сервисираат во време и на место кое нив им одговараше. Клиентите да не мора да доаѓаат во нашите деловни простори и филијали, да не се чекаат никакви редови. Применивме низа чекори за нови решенија во служба на клиентите, кои во исто време обезбедуваа и ефиканост и промоција на пакети на услуги наменети за кризата која го зафати светот. Да наведеме само два од целиот тој корпус на понуди кои ги имаме:

Приватното здравстевно осигурување, кое за само 515 денaри месечно овозможува лекување  во сите приватни здравствени установи во државата. Пакетот услуги е навистина досега најдоброто нешто што како понуда се појавила на нашиот пазар, а се со цел да ја потврдиме нашата премиса дека "Здравјето е најголемото богатство кое секогаш треба да биде на првото место".


Со пакетот СН дом, пак им ја откривме моќта на осигурувањето на оние кои досега немале искуство, или имале лоши искуства. Пакетите започнуваат од 1.200 ден. на годишно ниво, а ризиците од кои ќе се осигурате се навистина најважните за да имате мирен сон и Вашиот дом да биде целосно обезбеден.

Како никогаш порано осигурувањето се јавува како фактор кој го поедноставува живеењето.

Пандемијата покажа колку е светот кревок. И колку е животот важен. Осигурувањето во вакви ситуации го намалува ризикот.

А осигурувањето станува важен миг и за Вас и Вашите најблиски. Во светот, еве конкретно животното осигурување е составен дел на финансиското планирање на секој еден човек и секое семејство. Тоа е долгорочна инвестиција, заштита и единствен финансиски инструмент, каде што со првата уплатена премија имате покритие.

Како општествено одговорна компанија многу внимание посветувате на децата, преку попусти за полисите за осигурување, но и преку донаторски акции?

Ние редовно се вклучуваме во бројни корисни проекти. Децата ни се важен фокус. Кај младите мора да ја поддржиме вербата дека како на општество може да ни биде многу подобро, но за такви промени мора да се почнува од себеси и да се развива свест за индивидуалната одговорност. Личностите кои се воспитуваат да бидат одговорни и да се грижат за своето опкружение, за најблиските, за заедницата во која живеат и општеството воопшто, тоа се и личности кои утре ќе се осигураат себеси, своето семејство, својот бизнис. Тоа е таа врска, се разбира покрај генералната желба да придонесеме кон добробит на заедницата во која делуваме, каде ние како брокерско друштво во осигурителниот сектор, се ставаме во еден многу важен општествено-одговорен контекст.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.