Снаата на Ласкова се „избриша“ од основачите за Декодикс да го добие грантот
Објавено во: Економија 10 Октомври, 2018 06:55
Снаата на Цветанка Ласкова, Христина Керкез, во Централниот регистар официјално е избришана од листата на основачи на компанијата Декодиск Доо, трговско друштво за истражување, инженеринг, производство, трговија и услуги, кое доби неповратен грант од Фондот за иновации и технолошки развој во висина од 20.000.000 денари.
Со тоа Керкез официјално се повлече од сопствеништво над фирмата. Договорот со „Декодикс“ не е потпишан и парите не се исплатени токму поради поврзаноста на фирмата со лице носител на јавна функција, откако за тоа дознаа медиумите. Поранешната естрадна работничка Цветанка Ласкова е советничка за култура во кабинетот на премиерот Зоран Заев.
Дали ќе им бидат исплатени парите зависи од Комитетот за одобрување инвестиции во Фондот за инвестиции и технолошки развој. Фондот побара од компаниите со одобрени грантови да достават изјави за поврзаност со носители на јавни функции под притисок на јавноста откако беше објавено дека државни пари добиле приватни фирми поврзани со актуелни функционери. Фирмите во кои како сопственици се јавуваат вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, и пратеникот Хари Локвенец, се откажаа од одобрените грантови и ги повлекоа апликациите. Комитетот повторно ќе ги разгледува апликациите на компаниите кои се изјаснија дека се поврзани со лица на јавни функции, меѓу кои е и „Декодикс“.
Директорот на Фондот, Јован Деспотовски, пред неколку дена изјави дека во пресрет на седницата на Комитетот на која ќе се одлучува за четирите компании, добиле известување од „Декодикс“ за промена на сопственичката структура.
„Пред десетина дена во Фондот е доставено известување од компанијата ‘Декодикс’ за почната постапка за изземање од сопственичката структура на Христина Керкез. Очекуваме и известување дека е направена промената, но тоа нема да влијае на Комитетот, кој секако ќе ја разгледа и апликацијата на оваа компанија и ќе донесе одлука дали да им бидат исплатени средствата исто како и на другите три компании кои доставија изјави дека се поврзани со носители на јавни функции“, изјави за „Макфакс“ директорот на Фондот, Јован Деспотовски.Централниот регистар постапувајќи по пријавата за упис на промена - истапување на основач со пренос на удел, го избриша името на Христина Керкез. Како сопственици на „Декодикс“ остануваат Горан Кунгуловски, Иван Кунгуловски и Нина Ангеловска.
„Декодикс“ како микро-претпријатие од ИТ-секторот за проектот „Декодирај ме“ доби неповратни средства од 19,95 милиони денари и заедно со своето учество од 8,56 милиони денари направи вкупен буџет од 28,5 милиони за иновацијата, меѓу десетици други компании-добитници.
А.К.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




