СНАЈПЕРИСТИ АНАЛИЗИРАА ДЕТАЛИ ЗА АТЕНТАТОТ НА ТРАМП: По четитри дена од инцидентот Тајната служба е под лупа, истрагата трае

Објавено во: Свет 17 Јули, 2024 18:20
Атентатот
на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, отвори многу прашања,
особено поврзани со активностите на Тајната служба, која е задолжена за
обезбедување на поранешниот американски претседател.
Откако младиот Томас Метју Крукс пукаше во Трамп од покривот на зграда на околу 130 метри од говорницата, при што него го рани, но загина 50-годишен пожарникар, двајца искусни снајперисти и поранешен специјален агент на Тајната служба направија детална анализа за атентатот за американскиот портал „Воена зона“.
18 години Џеф Бригман беше специјален полициски снајперист во Ферфакс Сити. Тој, исто така, соработувал со Тајната служба за време на посетите на претседателот и претседателските кандидати.
- Многумина мислат дека снајперистите се само стрелци, а примарна цел е да бидат очи и да собираат информации.
Тој вели дека анти-снајперските тимови работат заедно, го скенираат видното поле за да дадат целосна слика за сè што се случува околу нив.
На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа дека тимовите на Тајната служба на покривите гледаат низ оптичките нишани за време на митингот.
- Ако навистина сакате да видите нешто што е тажно, погледнете што се случува... - рече Трамп кога одекнаа истрели пред да ја заврши реченицата.
-Доколку ја погледнете снимката од снајперистот, ќе видите дека луѓето викале: „Има пушка, има пушка“, а покажувале кон еднокатна, темна зграда, на чиј покрив Крукс беше.
Бригман додава дека снајперистите на Тајната служба „нишале во таа насока“.
– Но, верувам дека тие гледаа стотици метри зад напаѓачите, во редовите на дрвјата и прозорците, слушајќи што им викаат луѓето – вели соговорникот на американскиот портал. Тој вели дека сфатил дека Крукс се наоѓа на косиот покрив, зад кој се криел и дека снајперистите најверојатно не можеле веднаш да го видат од својата позиција.
- Откако се слушна првиот истрел, снајперистот го тргна окото од нишанот, бидејќи оптиката обезбедува многу тесно видно поле. Откако добил поголемата слика, тој го видел стрелецот веднаш пред него. „За жал, тие не ја идентификуваа целта додека Крукс не ја oддаде својата позиција со повлекување на чкрапалото“, рече Бригман.
Бригман неколку пати го прегледал видеото и смета дека убиецот не бил елиминиран од снајперскиот пар од видеото. Нивната огнена линија веројатно била делумно заматена од дрвото“.
Тој појаснува дека снајперистите на Тајната служба се меѓу најдобрите во светот, но дека во моментов директорката на тајната служба Кимберли Читл е лош лидер.
-Мислам дека треба да поднесе оставка и да го чека нејзиното сослушување во Конгресот - вели тој.
Бригман истакнува дека забележал уште еден проблем - недостигот на дронови за следење на областа.
„Сè уште сум зачуден што немаше дронови“, рече тој, објаснувајќи дека беспилотните летала можеле да го забележат Крукс на покривот пред тој да отвори оган.
Фото: EPA-EFE/SHAWN THEWМожеби ќе ве интересира
Крај на војната? Макрон објави дека Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот

Свиркачот Асанж на погребот на папата Франциск, ги засени политичарите од висок калибар

Погребот на папата Франциск искористен за средби со Трамп

Папата Франциск денес ќе биде испратен во неговата последна резиденција

НА ВОЗАЧОТ МУ СЕ СЛОШИЛО: Автомобил влета во толпа во Италија, едно лице загина

ТРАМП ЗА ДОГОВОРОТ ЗА МИНЕРАЛИ: Доцнат најмалку три недели

ИМА САМО ЕДЕН УСЛОВ: Зеленски вели можно е да разговараат со Русија за територии

ЛИСТА НА НАЈСОНЧЕВИ ГРАДОВИ ВО ЕВРОПА: Eдна земја убедливо доминира
