20 Декември, 2025
0.0694

Снајперисти го штитат Путин во Хановер

Објавено во: Свет 07 Април, 2013 15:36

Добивај вести на Viber

Доаѓањето на рускиот претседател Владимир Путин во Хановер, Германија каде со германската канцеларка Ангела Меркел ќе го отворат Саемот за технологија е под силни безбедносни мерки. Маритим Гранд Хотел, каде што ќе преноќи рускиот претседател се наоѓа „под опсада“ од руските и германските безбедносни служби во униформа, но и во цивилно, а на околните згради се наоѓаат и снајперисти, јавуваат медиумите, повикувајќи се на сигурни извори. Според полициските информации во градот на кратко ќе бидат затворени улиците, но не се очекува тоа да предизвика проблеми во сообраќајот. Путин вечерва со Меркел ќе го отворат саемот, на кој Русија е земја партнер и до утре ќе истане во Хановер. Германски политичари и организации за заштита на човековите права бараат јасни пораки од Русија, а многу организации најавија и протести пред саемот во Хановер, кој е најголем во светот. Путин во Хановер останува до утре, а германските коментатори јавуваат дека освен протести и критики го очекува и црно вино со поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, кој денес го слави 69-тиот роденден.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја