26 Април, 2024
0.0273

Снегот ја блокираше Европа, хаос во сообраќајот и стотици откажани летови

Објавено во: Стил 12 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Поради снежни врнежи сообраќајот во Европа останува блокиран. Денеска остана затворен меѓународниот аеродром во Франкфурт, откажани се неколку стотини летови Во Франција пак поради обилни снежни врнежи изминатата ноќ стотици луѓе беа блокирани во нивните автомобили долж патиштата во северниот дел на земјата. Префектот на департманот Манш, во Нормандија, преку Фејсбук упати повик до жителите на реонот да им помогнат на приближно 800-те лица кои останаа по патиштата. Меѓу 200 и 300 се блокирани долж националниот автопат меѓу Сен Жозеф и Шербур. Повеќе од 68 илјади домаќинства во Бретања и Долна Нормандија, во западна Франција, останаа без струја. Илјадници автомобили останаа блокирани и во југоисточниот дел на Англија поради обилниот снег. Голем број возачи останаа во возилата повеќе од осум часа. Колонота од возила достигна должина од над 50 километри. Поради студената воздушна маса од Русија и од скандинавските земји температурата на воздухот во Јужна Англија вчера се спушти под нула степени Целсиузови. Во многу реони паѓаше обилен снег, а поради недостиг од техника за чистење на снег, беше предизвикан сообраќаен хаос. Во прекин се е и железничкиот сообраќај, а не сообраќаат и фериботите кои ја поврзуваат Велика Британија со континентална Европа. Блокирана остана и Белгија. Во Брисел движењето на автобусите и трамваите од градскиот транспорт е многу отежнато, а во Лиеж јавниот превоз денеска целосно е запрен.Супербрзите возови кон Париз се движат, но со брзина од 170 километри на час, односно 0за 50 километри на час побавно од вообичаеното. Аеродромот во Брисел прифаќа летови, но нормалниот режим на работа е многу нарушен. Неколку десетици летови се откажани или забавени утринава, главно од Холандија, од Германија, од Швајцарија и од Италија. Ситуацијата е слична и на јужниот аеродром Шарлоа, а аеродромот во Лиеж, што опслужува главно товарни авиони, е затворен.  

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти