20 Декември, 2025
0.0462

Снегот во Европа направи хаос, скијачите се радуваат!

Објавено во: Свет 29 Декември, 2014 18:39

Добивај вести на Viber

Обилните снежни врнежи направија голем метеж ширум Европа, а најмногу се погодени француските Алпи каде околу 15.000 лица останале завеани, но снегот донесе и радост на скијачите, кои уживаат на падините прекриени со дебел слој свеж снег.

Британците ги погоди снежна бура, оставајќи повеќе од 100.000 луѓе без струја, додека на замрзнатите авто-патишта во Германија камионите клизале, а ширум регионот се одложени авионските летови и сообраќајот е во прекин.

Во Германија во близина на Штудгарт се формирала колона од автомобили долга 20 км поради застојот на патот после временските услови, а најголемиот аеродром во земјата, во Франкфурт, откажал 20 од планираните повеќе од 900 летови.

Eден швајцарски државјанин починал, а 30 лица се повредени, од кои двајца потешко, во верижнот судир на автопатот околу 40 км од Љубљана, соопштила полицијата.

Од друга страна, обилниот снег создаде идеални услови за скијачите во Франција и Германија, кои биле загрижени поради необично високите температури кои ги одбележаа изминативе неколку недели.

Под снег е и повеќе од пола Италија, на воодушевување на операторите на скијачките центри од Алпите до помалку познатите Абруко, источно од Рим, а врнежите ги израдуваат и скијачите во Австрија.

Снегот и ледот, меѓутоа, погодиле поголем број луѓе кои се упатиле или пак се враќале од скијачките центри во Савоји во југоисточна Франција, каде властите отвориле приватни центри во најмалку 12 градови,

Околу 15.000 возачи вчера останале завеани во француските Алпи, а многумина биле приморани да ја поминат ноќта во автомобилите, пренесуваат француските медиуми.

Таквите метеоролошки услови предизвикале и смрт на 27 годишниот маж чиј автомобил се излизгал во провалија во планинскиот ланец Белдон.

Франција прогласи портокалово предупредување во 19 регионални департмани, а министерот за внатрешни работи Бернар Казнев ги повика возачите на крајно внимание и на одлагање на патувањето, доколу е можно.

Поради лошите временски услови е затворено и француското пристаниште Кале.

За денеска, француската метеоролошка служба најави послаби врнежи, но уште пониски температури и голема голомразица, посебно на северните и западните граници.

Со оглед на ваквите временски услови, Париз, Лион, Кале и Патје ги зголемиле капацитетите за сместување на бескуќници.

Истовремено, локалните власти во Савоји предупредуваат на голема опасност од снежни лавини, а едно лице вчера загина откако го затрупало снег во јужните француски Алпи.

Ледениот бран, како што се очекува, ќе се задржи на европскиот континет и во Новогодишната ноќ, а во Британија температурите, според прогнозите, ќе паднат и на 10 степени под нула.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја