Снежен Валентајн: Следуваат поларни денови
Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2021 10:00
Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, на места поројни и пообилни над 20 литри на метар квадратен проследени со силен ветер кој ќе достигнува брзина и над 70 километри на час. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег, а попладне ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Претпладне ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во северен и дополнително ќе засили. Во текот на ноќта особено вдолж Повардарието ќе дува силен северен ветер.
Од утре времето ќе биде значително постудено и максималните температури ќе достигнат до 6 степени на југот. Од сабота времето ќе биде уште постудено, а метеоролозите предвидуваат и врнежи од снег.
Во сабота времето ќе биде облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од снег, особено попладне и најобилни во југозападните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималните температури ќе бидат до само два степени. Слично време се предвидува и за недела кога е празникот Свети Трифун или познатиот Валентајн што се слави повеќе во западните земји.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




